Псалми 1
1
ПРВА КНИГА
ПСАЛМ 1
Блаженство за побожните. Зло за безбожниците
1 #
24,4-5
Блажен е оној човек, што не оди на советот на безбожниците, не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратници, 2#119,15; 5 Мојс 17,19; Ис.Н. 1,7-8туку му омилел законот Господов и за законот Негов дење и ноќе грижливо размислува; 3#92,4; 4 Мојс 24,6; Ер 17,8; Ез 47,12тој е како дрво посадено крај вода изворска, кое својот род го дава навреме, и чиј лист не венее; и во сѐ што прави, напредува. 4#35,5; Ис 17,13; Јов 21,18Но не се такви безбожниците; тие се како прав, што го разнесува ветрот. 5Затоа безбожниците нема да се одржат на судот, ниту грешниците – во соборот на праведните. 6#37,18; 112,10; Ер 21,8; Јов 23,10; Мт 7,13-14Зашто Господ го знае патот на праведните; патот, пак, безбожнички ќе пропадне.
Currently Selected:
Псалми 1: MK2006
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006