YouVersion Logo
Search Icon

Откровение 8

8
Отворање на седмиот печат
1 # Авак 2,20; Соф 1,7; Зах 2,17 Кога го отвори седмиот печат, наста­на тишина на небото околу по­ло­вина час. 2#4,5; Мт 24,31И ги видов седумте ангели што стоеја пред Бога и им беа дадени седум труби. 3#5,8; 2 Мојс 30,1-3; Амос 9,1; Пс 141,2Тогаш дојде друг ангел со златна кадилница и застана пред жртвеникот; и му беше даден многу темјан, та со мо­литвите на сите светии да го постави на златниот жртвеник што беше пред престолот. 4#Пс 141,2Димот од темјанот, заедно со мо­лит­вите на светиите се издигна од раката на ангелот пред Бога. 5#4,5; 11,19; 16,18; 3 Мојс 16,12; Ез 10,2И ја зеде ангелот кадилницата, и ја наполни со оган од жртвеникот, и ја фр­ли на земјата, и тогаш се појавија гласови, грмотевици, светкавици и земјотрес.
Седумте труби
6И седумте ангели што ги држеа се­думте труби, се приготвија да затрубат. 7#Ез 38,22; Јоил 3,3Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре. 8#Ер 51,25Затруби и вториот ангел – и како некоја голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв; 9и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа. 10#Ис 14,12И третиот ангел затруби, и од не­бо­то падна голема ѕвезда, која гореше ка­ко светило, и падна врз третината од ре­ките и водните извори. 11А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени. 12#6,14; 2 Мојс 10,21-23; Ис 13,10; Ез 32,7-8; Мт 24,29; Лк 21,25; 23,44-45; Јн 1,5; 5,35Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една третина од ѕвездите, за да потемнее ед­на третина од нив, та третина од денот, како и на ноќта, да не свети. 13#9,12; 11,14; 14,6; Ез 7,5.26И видов и чув еден орел како лета среде небото и вика со висок глас: „Тешко, тешко, тешко на оние што жи­веат по земјата од другите трубни гла­сови на трите ангели што ќе трубат!“

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Video for Откровение 8