YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 14

14
Не суди го својот брат
1 # 15,7; 1 Кор 8,7-13 Слабиот во вера прифатете го, но без расправии за мислењата! 2Еден верува дека може да јаде сѐ, а слабиот во верата јаде само зеленчук. 3#Кол 2,16-21Кој јаде, нека не го укорува оној што не јаде; и кој не јаде, нека не го осудува оној што јаде, бидејќи Бог го прифатил. 4#Мт 7,1; Јк 4,11-12Кој си ти што му судиш на туѓ слу­га? Пред својот господар тој стои или паѓа, а ќе стои исправено, зашто Бог има моќ да го исправи. 5#Гал 4,10; Кол 2,16Така некој разликува еден ден од друг, а некој друг, пак, сите денови ги смета еднакви. Секој нека биде наполно уве­рен во своето мислење. 6Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разли­кува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога. 7#Гал 2,20Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе; 8#Лк 20,38; 1 Кор 3,23; Гал 2,20; 1 Сол 5,10туку, било да живееме или да умира­ме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме. 9#Дела 10,42Бидејќи Христос затоа и умре и вос­кресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите. 10#Мт 25,31-46; Дела 17,31; 2 Кор 5,10А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред су­дот Христов. 11#Ис 45,23; 49,18; Ер 22,24; Ез 5,11; Фил 2,10-11Зашто е напишано: „Јас сум жив, ве­ли Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“ 12#Гал 6,5; Евр 4,13И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе. 13#1 Кор 8,13Затоа, пак, да не се судиме еден со друг, туку подобро расудувајте за тоа вака: не поставувај му на својот брат спрепка или соблазна. 14#Мт 15,11; Дела 10,15; Тит 1,15Знам и уверен сум преку Господ Исус Христос дека нема ништо нечисто само по себе; освен кога некој мисли де­ка е нешто нечисто, за него тоа е нечис­то. 15#1 Кор 8,9-13А ако, пак, братот твој се скрби по­ради тоа што го јадеш, ти веќе не пос­тапуваш според љубовта. Не погубувај го со своето јадење оној за кого Христос умре. 16Нека не се хули на она што е добро според вас! 17#1 Кор 8,8; Гал 5,22; 1 Сол 1,6Царството Божјо не е во јадењето или пиењето, туку во праведност и мир и радост во Светиот Дух. 18Зашто, оној кој Му служи на Хрис­тос со овие работи, тој Му се допаѓа на Бога и мил им е на луѓето. 19#12,17-18; 15,2; 1 Сол 5,11И така, да го бараме она што служи за мир и взаемно надградување. 20#Тит 1,15Поради јадење не уривај го делото Божјо! Навистина сѐ е чисто, а тешко е за оној човек, кој јаде поради соблазна; 21#1 Кор 8,13подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо од кое братот твој би можел да се сопне, или да се соблазнува, или, пак, да слабее. 22Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној кој не се осудува себе самиот за она што го одобрува. 23А ако некој се сомнева кога јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сѐ што не е според верата, грев е.
Доксологија
24На Оној кој може да ве зацврсти, според моето Евангелие, и про­по­ве­да­њето за Исус Христос, според открива­њето на тајната која била замолкната од вечни времиња, 25а која сега се јави, и според про­роч­ките Писма, а по заповедта на вечниот Бог им стана позната на сите народи за да ги доведе во послушност кон верата, 26на Единствениот, мудар Бог, преку Исус Христос нека е слава во сите ве­ко­ви! Амин#14,26 Во некои ракописи последните три стиха (24, 25 и 27) се поместени на крајот од шеснаесеттата глава (16,25-27).

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in