YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 6

6
Мртов за гревот, жив во Христос
1 # 3,5-8; 6,15 Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми бла­годатта? Никако! 2#1 Птр 2,24; 4,1Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште? 3#Дела 8,16; Гал 3,27; 2 Тим 2,11Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Неговата смрт бевме крстени. 4#Кол 2,12И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот. 5#Ефес 2,6; Фил 3,10-11Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението, 6#Гал 5,24; Ефес 4,22-24; Кол 3,9-10знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот; 7#1 Птр 4,1бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот. 8#2 Тим 2,11А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме, 9#Дела 13,34; Откр 1,18знаејќи дека Христос, откако вос­кресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него. 10#Гал 2,19; Евр 9,26-28; 1 Птр 3,18Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го жи­вее, за Бога го живее. 11#2 Кор 5,15; Гал 2,19; 1 Птр 2,24Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ. 12И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади! 13#6,19Не препуштајте му ги на гревот ва­шите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото како орудија на праведноста. 14#Гал 5,18; 1 Јн 3,6Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.
Робови на праведноста
15 # 6,1 Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако! 16#Мт 6,24; Јн 8,34; 2 Птр 2,19Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за послуш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност? 17Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте. 18#8,2; Јн 8,23.36; Гал 5,13И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста. 19#3,5; 12,1Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост. 20Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста. 21#7,5; 8,6.13.21А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ни­от крај е смртта. 22#Јн 15,8.16Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен. 23#5,12.15.21; Гал 6,7-8; Јк 1,15Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот ве­чен во Христос Исус, нашиот Господ.

Currently Selected:

Римјаните 6: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in