YouVersion Logo
Search Icon

Римјаните 7

7
Христијаните ослободени од Законот
1 # Гал 2,19; Кол 2,20 Или, пак, не знаете, браќа, – им зборувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив? 2#1 Кор 7,39Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од за­ко­нот, кој ја сврзал со мажот. 3Затоа, ако се омажи за друг маж, до­дека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре ма­жот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек. 4#6,5-6; 2 Кор 5,15; Гал 2,19; Кол 2,14Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога. 5#5,21; 6,21; 8,8; Јк 1,15Зашто, кога живеевме во телото, то­гаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ прине­се­ме плод на смртта; 6#2 Кор 3,6но сега, ние сме слободни од Зако­нот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Делувањето на Законот
7 # 3,20; 4,15; 13,9; 2 Мојс 20,17; 5 Мојс 5,21 Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“ 8#4,15; 1 Кор 15,56; Јк 1,14-15Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов. 9Некогаш живеев без Законот; но ко­га дојде заповедта, гревот оживеа. 10#3 Мојс 18,5; 5 Мојс 4,1; 5,32-33; Ез 20,11Јас, пак, умрев, и се покажа дека за­поведта, назначена за да даде живот, ис­тата води во смрт, 11#1 Мојс 3,13; 2 Кор 11,3; Евр 3,13зашто гревот, поттикнат од за­по­ведта, ме измами и преку неа ме ум­р­т­ви. 12#5 Мојс 4,8; 1 Тим 1,8Така, значи, Законот е свет, и за­по­ведта света, справедлива и добра.
Гревот преовладува во човекот
13 # 5,20 Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се по­ка­же дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гре­вот да стане премногу грешен. 14#Пс 51,4.6; Јов 14,4; Јн 3,6Зашто знаеме дека Законот е ду­хо­вен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб. 15#Гал 5,17Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, ту­ку она што го мразам, тоа го правам. 16Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар. 17Значи, тоа веќе не го правам јас, ту­ку гревот, што живее во мене. 18#7,5Јас знам дека во мене, односно во моето тело, не живее доброто; навистина желба за добро во мене има, но не и сила да го правам тоа. 19Зашто не го правам доброто, што сакам да го правам, туку злото, што не сакам да го правам. 20#Гал 2,20А штом го вршам она што не го са­кам, не го вршам веќе јас, туку гревот, кој живее во мене. 21И така, во себе наоѓам ваков закон: кога сакам да го правам доброто, злото ми е близу. 22#2 Кор 4,16; Ефес 3,16Бидејќи, според својот внатрешен човек наоѓам наслада во законот Божји, 23#Гал 5,16-23.25но во своите телесни делови гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме држи заробен во грево­в­ниот закон, кој е во моите органи. 24Колку несреќен човек сум јас! Кој ќе ме избави од ова тело на смртта? 25#5,21; 6,23; 1 Кор 15,57Му благодарам на својот Бог преку Исус Христос, нашиот Господ. И така, јас самиот со умот свој му служам на Божјиот закон, а со телото – на гревов­ниот закон.

Currently Selected:

Римјаните 7: MK2006

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in