YouVersion Logo
Search Icon

1 ТИМОТЕЈА 3

3
За проповедничка служба
1Верно е словото: кој ревнува за епископство, добра служба посакува. 2Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување; 3не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец, 4кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост, 5зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? - 6Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот! 7А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.
8Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба - 9кои ја пазат тајната на верата со чиста совест. 10И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни. 11Исто така жените нивни треба да бидат чесни, да не клеветат; трезвени и верни во сѐ. 12Ѓаконите да бидат мажи на една жена, кои управуваат добро со своите деца и со своите домови, 13зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.
Неопходна е борба против лажните учења
14Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам при тебе; 15но во случај да се подзабавам, да знаеш како да се однесуваш во Божјиот Дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.
16И по општо признание, голема е тајната на побожноста: Оној, Кој се јави во тело, беше оправдан во Духот, им се покажа на ангелите, беше најавуван меѓу народите, поверуван во светот, беше вознесен во слава.

Currently Selected:

1 ТИМОТЕЈА 3: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in

Videos for 1 ТИМОТЕЈА 3