ДЕЛА 25
25
Павле пред Фест
1А кога Фест ја зеде власта над покраината, по три дни, од Ќесарија отиде горе во Ерусалим, 2каде свештеничките главатари и јудејските првенци истапија пред него против Павла, и го молеа, 3барајќи услуга против него, за да го спроведе во Ерусалим; поставувајќи заседа за да го убијат на пат. 4Но, Фест во одговор рече дека Павле се пази во Ќесарија, каде и тој самиот скоро ќе отиде. 5„Затоа - рече тој - влијателните меѓу вас нека слезат со мене; и ако е виновен во нешто тој човек, нека го обвинат.“
6Откако слезе во Ќесарија, се задржа меѓу нив осум или десет дена, и веќе утреден седна во судот и заповеда да го доведат Павла. 7А кога тој дојде, го опкружија Јудејците, кои дојдоа од Ерусалим, и изнесоа против него многу тешки обвиненија, кои не можеа да ги докажат; 8а Павле во своја одбрана велеше: „Со ништо не се огрешив ни против јудејскиот закон, ни против Храмот, ни против ќесарот.“ 9Но Фест, сакајќи да им угоди на Јудејците, му одговори на Павла и рече: „Сакаш ли да отидеш горе, во Ерусалим, и да ти се суди таму за ова, пред мене?“ 10А Павле рече: „Стојам пред ќесаревиот суд - каде треба да бидам суден. На Јудејците не им сторив никаква неправда, што и ти знаеш многу добро. 11Ако сум пак виновен, или ако направив нешто што заслужува смрт; не бегам од смртта. Но, ако нема ништо од она за што овие ме обвинуваат, никој не може да ме предаде на нив, за да им угоди. Се повикувам на ќесарот.“ 12Тогаш Фест поразговара со својот совет и одговори: „Се повика на ќесарот, при ќесарот ќе одиш.“
Пред Агрипа
13Кога поминаа неколку денови, царот Агрипа и Верникија дојдоа во Ќесарија, за да го поздрават Феста. 14И бидејќи таму се задржаа повеќе денови, Фест го изнесе пред царот Павловото дело: „Феликс остави еден човек во окови, 15против кого - кога бев во Ерусалим - истапија свештеничките главатари и јудејските старешини и бараа да го осудам. 16Јас им одговорив дека Римјаните немаат обичај да предадат некого, пред обвинетиот да се соочи со своите обвинители, и да добие прилика да се брани од обвинението. 17И така, кога тие дојдоа тука заедно, јас на другиот ден - без никакво одлагање - седнав на судиската столица и заповедав да го доведат човекот. 18Но обвинителите, кои стоеја околу него, не го обвинија ниту за едно зло дело, за кое претполагав, 19туку имаа против него некои препирки за нивната вера и за некој Исус, Кој умрел, а за кого Павле тврдеше дека е жив. 20А јас, не знаејќи што да правам во расправата, за такви нешта, го прашав дали сака да оди во Ерусалим, за да му се суди таму за тоа. 21Но, бидејќи Павле се повика на Августа, за да биде запазен до неговата одлука; заповедав да го чуваат додека не го испратам при ќесарот.“ 22Тогаш Агрипа му рече на Феста: „И јас би сакал да го ислушам тој човек.“ И тој рече: „Утре ќе го чуеш.“
23И така, утредента, кога Агрипа и Верникија дојдоа со голем блесок и влегоа во судницата, заедно со илјадниците и со најугледните луѓе во градот; по Фестова заповед го доведоа Павла, 24и тогаш Фест рече: „Царе Агрипа и сите вие мажи, кои сте тука! Гледајте го овој, заради кого целото множество Јудејци навалија врз мене во Ерусалим и тука, викајќи дека не треба повеќе да живее. 25Но, јас најдов дека не направил ништо што заслужува смрт; и бидејќи тој самиот се повика на Августа, решив да го испратам. 26За него немам ништо веродостојно да му напишам на господарот; затоа го изведов пред вас, царе Агрипа, за да имам што да напишам по испитувањето. 27Зашто ми се чини неразумно да биде испратен окован човек, а да не бидат соопштени обвиненијата против него.“
Currently Selected:
ДЕЛА 25: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.