БИТИЕ 48
48
Последни Јаковови денови
1По некое време му јавија на Јосифа: „Ене, татко ти се разболе.“ Тогаш тој ги зеде со себе своите два сина Манасиј и Ефрем. 2Кога му рекоа на Јакова: „Еве ти дојде синот Јосиф“, Израел ја собра својата сила и седна на постелата. 3Јаков му рече на Јосифа: „Ел Шадај (Сѐмоќниот Бог) ми се јави во Луз, во Ханаанската Земја; и ме благослови, 4а потоа ми рече: ‘Ќе те направам плоден и многуброен, и ќе произведам од тебе мноштво народи, и на твоето потомство, по тебе, ќе му ја дадам оваа земја во вечна сопственост.’ 5Сега, двата твои сина, кои ти се родија во Египетската Земја, пред да дојдам јас при тебе во Египет, нека бидат мои - Ефрем и Манасиј нека бидат мои, како и Рувим и Симеон! 6А децата кои ти се родија по нив нека останат твои; а во нивното наследство нека се викаат со името на своите браќа. 7Имено, кога се враќав од Падан (Месопотамија), за моја жалост, почина мајка ти Рахила при патувањето во Ханаанската Земја, на сосем мала оддалеченост од Ефрат. Јас ја погребав таму покрај патот за Ефрат, денешниот Витлеем.
8Забележувајќи ги Израел Јосифовите синови, праша: „Кои се овие?“ 9Јосиф му одговори на татка си: „Тоа се моите синови, кои ми ги даде Бог тука.“ „Доведи ми ги да ги благословам“, рече. 10Израелевите очи беа ослабени, од старост, не гледаше. Затоа му ги приведе синовите, а тој ги пољуби и ги прегрна. 11И Израел му рече на Јосифа: „Не се надевав да го видам твоето лице; но, ете, Бог ми даде да ги видам и твоите деца.“ 12Тогаш Јосиф ги слезе од неговите колена и му се поклони со лицето до земја. 13И Јосиф ги зеде двајцата - Ефрема со својата десница: одлево на Израел, а Манасиј со својата левица: оддесно на Израел - па ги приближи до него. 14Но Израел ја протегна својата десна рака и ја стави врз Ефремовата глава, иако беше помлад, а левицата врз Манасиевата глава - иако Манасиј беше првороденец. 15Па го благослови Јосифа, и рече: „Бог, по чии патишта одеа моите татковци Авраам и Исак; Бог, Кој ми беше Пастир од кога постојам па сѐ до денес, 16ангелот, кој ме избавуваше од секое зло, нека ги благослови децава! Преку нив, нека се спомнува моето име и името на моите предци Авраам и Исак! Да се размножат на земјата во многубројни мноштва!“
17Кога Јосиф виде дека неговиот татко ја стави десницата врз Ефремовата глава, не му беше мило; затоа посегна по раката на татка си да ја премести од Ефремовата глава врз Манасиевата глава. 18„Не, така, татко мој - му рече Јосиф на татка си - зашто овој е првенец; затоа возложи ја десницата на неговата глава!“ 19Но неговиот татко го одби, велејќи: „Јас знам сине мој, знам; и од него ќе стане народ и ќе биде голем. Но неговиот помлад брат ќе биде поголем од него, од него ќе произлезе многуброен народ.“ 20И ги благослови во тој ден, зборувајќи: „Израел ќе биде благословуван преку вас, велејќи: ‘Бог нека ти направи и тебе, како на Ефрема и Манасија!’“ Така го стави Ефрема пред Манасија. 21Потоа Израел му рече на Јосифа: „Еве, јас ќе умрам скоро; но Бог ќе биде со вас и пак ќе ве врати во земјата на вашите татковци. 22А тебе ти оставам дел повеќе отколку на браќата твои, што го освоив, со мојот меч и лак, од Аморејците.“
Currently Selected:
БИТИЕ 48: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.

: