ЕВРЕИТЕ 4
4
Мир за Божјиот народ
1И така, да страхуваме да не е изостанал некој од вас, додека е уште оставено ветувањето за влегувањето во Неговата починка. 2Зашто и ние ја чувме Радосната Вест како и тие; но немаа полза од словото што го чуја, зашто не беше придружено со вера, кај оние кои го беа чуле. 3Имено, во починката влегуваме ние, кои поверувавме, како што рекол: „Така се заколнав во Мојот гнев и нема да влезат во Мојата починка“, иако делата беа свршени уште при основањето на светот. 4Зашто некаде за седмиот ден е речено вака: „И Бог почина во седмиот ден од сите Свои дела.“ 5И пак на тоа место: „Нема да влезат во Мојата починка.“ 6И така, ако останува некои да влезат во неа, а оние кои порано го чуле Евангелието не влегле заради непослушност; 7пак определува некој ден, „денес“, кога по толку време зборува преку Давида, како што е речено порано: „Денес ако го чуете Неговиот глас, не закорувајте ги вашите срца.“ 8Зашто, ако Исус Навинов можеше да ги доведе во починка, не би зборувал после тоа за друг ден. 9Значи, на Божјиот народ му остана починката. 10Имено, кој влегол во Неговата починка, тој се одморил од своите дела, како и Бог од Своите. 11И така, да се погрижиме да влеземе во Христовата починка, за да не падне некој по примерот на истата непослушност!
Словото поседува посебна сила
12Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето, 13и нема создание кое е невидливо пред Него; туку сѐ е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе дадеме сметка.
Христос Првосвештеник
14И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата - Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето! 15Зашто, немаме првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку Кој бил искушуван во сѐ како нас, освен гревот. 16И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба.
Currently Selected:
ЕВРЕИТЕ 4: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.