YouVersion Logo
Search Icon

МАТЕЈ 13

13
Параболи
1Во оној ден Исус излезе од куќата и седна покрај морето. 2И големи мноштва се собраа до Него, така што Тој влезе во кораб и седна, а сето мноштво стоеше на брегот. 3И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, сејач излезе да сее, 4и кога сееше, некои зрна паднаа покрај патот, и птици дојдоа и ги исколваа. 5Други паднаа на каменити места, каде немаше многу земја, и набргу никна, зашто немаше длабока земја. 6А кога изгреа сонцето, изгореа, и бидејќи немаа корен, се исушија. 7Други паднаа меѓу трње, и трњето израсна и ги загуши. 8Други паднаа на добра земја и дадоа плод: едното сто, другото шеесет, а другото триесет. 9Кој има уши да слуша, нека слуша!“
10И учениците Му се приближија и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“ 11А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено. 12Зашто кој има, ќе му се даде и ќе има изобилие; а кој нема, ќе му се одзеде и она, што го има. 13Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту разбираат. 14И врз нив се исполнува пророштвото на Исаија, кое вели: ‘Со уши ќе слушате и нема да разбирате; со очите ќе гледате и нема да видите. 15Зашто срцето на овој народ отапело; и со ушите тешко слушаат, и ги затворија своите очи; за да не гледаат со очите, или да слушаат со ушите, и да разберат со срцето и да се обратат, и Јас да ги исцелам.’ 16А вашите очи се блажени, зашто гледаат; и вашите уши зашто слушаат. 17Зашто вистина ви велам, дека мнозина пророци и праведници посакуваа да видат што гледате вие, и не видоа, и да чујат што слушате вие, и не чуја.“ 18“И така, чујте ја вие параболата за сејачот. 19Кога некој го слуша словото за царството, а не го разбира, тогаш доаѓа лукавиот и го граби тоа што е посеано во неговото срце; тоа е, што е посеано покрај патот. 20А посеаното на каменити места е оној, кој го слуша словото и веднаш го прима со радост, 21но нема корен во себе, и привремен е, и кога ќе настане неволја или гонење заради словото, веднаш се соблазнува. 22А посеаното меѓу трње е оној, кој го слуша словото, но грижите за светов и измамата на богатството го загушуваат словото, и станува неплоден. 23А посеаното на добра земја е оној, кој го слуша словото и го разбира; кој навистина раѓа плод и донесува: едниот стократно, другиот шеесет, и другиот триесет.“
24Им претстави и друга парабола, велејќи: „Царството небесно е слично на човек, кој посеал добро семе на својата нива. 25Но, кога луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу пченицата и си отиде. 26А кога посевот порасте и донесе плод, тогаш се покажа и каколот. 27А слугите на домаќинот пристапија и му рекоа: ‘Господару, зар не посеа добро семе на својата нива? Тогаш, откаде е каколот во неа?’ 28А тој им рече: ‘Човек непријател го направи тоа.’ Слугите пак му рекоа: ‘Сакаш ли тогаш да одиме и да го исплевиме?’ 29А тој рече: „Не, да не би корнејќи го каколот, да ја откорнете со него и пченицата. 30Оставете ги нека растат двете заедно до жетвата. А во времето на жетвата ќе им речам на жетварите: ‘Соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за горење; а житото приберете го во мојата житница’.“
31Друга парабола им претстави, велејќи: „Царството небесно е слично на синаповото зрно, кое човекот го зеде и го посеа на својата нива; 32тоа е навистина најмало од сите семиња, но кога е пораснато, поголемо е од зеленчуците и станува дрво, така што птиците небесни доаѓаат и се гнездат на неговите гранки.“
33Друга парабола им кажа: „Царството небесно е слично на квас, што го зема жена и го сокри во три мери брашно, додека скисне сето.“
34Сето ова Исус им го кажа на на-родот во параболи, и без парабола Тој не им говореше; 35за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели: „Ќе ја отворам Својата уста во параболи; ќе го објавам сокриеното од создавањето на светот.“
36Тогаш ги отпушти мноштвата и дојде во куќата. И Неговите ученици дојдоа при Него и рекоа: „Објасни ни ја параболата за каколот на нивата.“ 37А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки. 38Нивата е светот; доброто семе, тоа се синовите на Царството; а каколот се синовите на лукавиот, 39а непријателот, што го посеа, е ѓаволот. Жетвата е свршетокот на векот, а жетварите се ангели. 40Како што каколот се собира и се гори во оган, така ќе биде и на свршетокот на векот. 41Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели, кои ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни, и оние, кои вршат беззаконие, 42и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање со заби. 43Тогаш праведниците ќе светнат како сонце во Царството на својот Татко. Кој има уши да слуша, нека слуша!“
44“И пак, царството небесно е слично на благо сокриено во нивата, кое човекот го нашол и го скрил, па во својата радост оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
45“И пак, царството небесно е слично и на трговец, кој бара убави бисери. 46А кога најде еден скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има, и го купува.“
47“И пак, царството небесно уште е слично на мрежа, фрлена во морето, која собира риби од секаков вид. 48Кога се наполни, ја извлекоа на брегот и седнаа, па ги собраа добрите во садови, а лошите ги исфрлија. 49Така ќе биде и на свршетокот на векот; ангелите ќе излезат и ќе ги одделат злите од среде праведните, 50и ќе ги фрлат во огнена печка; таму ќе биде плач и чкртање на заби.“
51Исус им рече: „Дали го разбравте сето ова?“ Му рекоа: „Да Господи!“ 52А Тој им рече: „Затоа секој книжник, поучен за царството небесно, прилега на домаќин, кој од својата ризница изнесува ново и старо.“
Исус отфрлен во Назарет
53И се случи кога Исус ги сврши тие параболи, да замине оттаму. 54И штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивните синагоги, така што се зачудуваа и зборуваа: „Откаде Му се на Овој оваа мудрост и силни дела? 55Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? 56И Неговите сестри не се ли сите со нас? Откаде Му е тогаш на Овој сето тоа?“ 57И се соблазнуваа во Него. А Исус им рече: „Пророкот не е без чест, освен во својата татковина и во својот дом.“ 58И не изврши таму многу силни дела, заради нивното неверување.

Currently Selected:

МАТЕЈ 13: MKB

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in