МАТЕЈ 16
16
Фарисејски и садукејски квасец
1И фарисеите и садукеите дојдоа, и искушувајќи Го, побараа да им покаже знак од небото. 2Но Тој одговори и им рече: „Кога се свечерува, велите: ‘Ќе биде ведро, зашто небото е црвено;’ 3а наутро: ‘Денес ќе има бура, зашто небото е црвено и за-мрачено. ’Лицемери, знаете на-вистина да го просудувате лицето на небото, а знаците на времињата не можете! 4Лукаво и прељубо-творно поколение бара знак, и нема да му биде даден знак, освен знакот на Јона пророкот.“ И ги остави и си отиде. 5И Неговите ученици преминаа на другата страна и заборавија да земат леб. 6Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од фарисејскиот и садукеј-скиот квас!“ 7И тие расправаа помеѓу себе, велејќи: „Тоа е што не зедовме леб.“ 8А Исус знаејќи го тоа им рече: „Маловерни, зошто расправате помеѓу себе, дека не зедовте леб? 9Уште ли не разбирате и не помните за петте лебови на пет илјади и колку кошеви подигнавте? 10Ни за седумте лебо-ви на четири илјади и колку кошеви подигнавте? 11Како не разбирате, дека не заради леб ви реков да се чувате од фарисејскиот и садукејскиот квас?“ 12Тогаш разбраа дека не им рече да се чуваат од лебниот квас, туку од учењето фарисејско и садукејско.
Петрово исповедување
13А кога Исус дојде во околината на Кесарија Филипова, ги праша Своите ученици и рече: „Што велат луѓето, Кој е Синот Чове-чки?“ 14А тие рекоа: „Едни велат дека е Јован Крстител; други Илија, а други пак Еремија или еден од пророците.“ 15Тој им рече: „А вие што велите, Кој Сум Јас?“ 16Симон Петар одговори и рече: „Ти си Христос, Син на живиот Бог.“ 17Исус одговори и му рече: „Блажен си, Симоне, сине Јонин, зашто тело и крв не ти го открија тоа, туку Мојот Татко, Кој е во небесата. 18И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа. 19И ќе ти ги дадам клучевите на царството небесно, и што и да сврзеш на земјата, ќе се појави веќе сврзано во небото; и што и да разврзеш на земјата, ќе биде веќе разврзано во небото.“ 20Тогаш им заповеда на учениците Свои да не кажуваат никому, дека Тој е Исус Христос.
21Оттогаш Исус почна да им покажува на Своите ученици, дека беше потребно за Него да замине за Ерусалим и да пострада многу од старешините, главните свеште-ници и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне. 22А Петар Го зеде настрана и почна да Го кори, велејќи: „Бог да е милостив кон Тебе, Господи; тоа никогаш нема да Ти се случи!“ 23А Тој се сврте и му рече на Петра: „Бегај зад Мене, сатано! Ти си Ми пречка, зашто мислиш не за она, што е Божјо, туку за она, што е човечко. 24Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Ако некој сака да врви по Мене, нека се одрече од себеси и нека го подигне својот крст и нека Ме следи. 25Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја изгуби; но кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде. 26Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа ѝ напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа? 27Зашто Синот Човечки ќе дојде во славата на Својот Татко, со Своите ангели, и тогаш ќе му даде награда на секого според неговите дела. 28Вистина ви велам: дека меѓу оние, кои стојат тука, има некои, кои никако нема да ја вкусат смртта додека Го видат Синот Човечки да доаѓа во Своето царство.“
Currently Selected:
МАТЕЈ 16: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.