МАТЕЈ 21
21
Месија влегува во Ерусалим
1И кога наближија до Ерусалим и дојдоа во Вит-фагија при Маслиновата Гора, тогаш Исус испрати два ученика, велејќи: 2“Отидете во селото што е пред вас! Таму ќе најдете веднаш врзана ослица и осле со неа. Од-врзете ги и доведете Ми ги! 3И ако некој ви рече нешто, речете му: ‘Потребни Му се на Господа’, и веднаш ќе ги пушти. 4А тоа стана, за да се исполни кажаното преку пророкот кој вели: 5“Кажете ѝ на Сионската Ќерка: Еве, твојот Цар доаѓа при тебе, кроток и јава на ослица и осле - младенче на ослица!“ 6Учениците отидоа и направија, како што им заповеда Исус. 7Ги дотераа ослицата и ослето, ги ставија врз нив своите облеки и Тој седна над нив. 8Повеќето од народот ги постилаа своите облеки по патот, а други сечеа гранки од дрвјата и ги постилаа по патот. 9А множеството, кое одеше пред Него и по Него викаше, велејќи: „Осана на Давидовиот Син! Благо-словен е кој доаѓа во Господово име! Осана во висините!“ 10И кога влезе во Ерусалим, целиот град се раздвижи, говорејќи: „Кој е Овој?“ 11А народот говореше: „Овој е Исус, Пророк од Галилејски Назарет.“
12И Исус влезе во Храмот и ги истера сите, кои купуваа и продаваа во Храмот, па им ги преврте столовите на менувачите на сребреници, и столиците на продавачите на гулаби, 13и им рече: „Напишано е: Мојот Дом ќе биде наречен Дом На Молитва, а вие го направивте разбојничка пештера.“ 14И Му пристапија слепи и хроми, во Храмот, и ги излекува. 15А кога првосвештениците и книжниците ги видоа чудесата што ги направи, и децата, кои викаа во Храмот: „Осана на Давидовиот Син!“, се налутија 16и Му рекоа: „Слушаш ли што зборуваат овие?“ А Исус им рече: „Да, зар не сте читале никогаш: ‘Од устата на децата и доилчињата, Си приготви пофалба?’“ 17И ги остави и излезе од градот во Витанија и преноќева таму.
18А кога утредента се враќаше во градот, огладне. 19И виде смоква покрај патот и отиде до неа, но не најде ништо на неа, освен лисјата, и ѝ рече: „Отсега да нема плод од тебе довека!“ И смоквата се исуши веднаш. 20И кога учениците го видоа тоа, се зачудија и рекоа: „Како се исуши смоквата вед-наш?“ 21Исус одговори и рече: „Вистина ви велам, ако имате вера и не се посомневате, ќе направите не само тоа, што ѝ се случи на смоквата, туку ако ѝ речете на оваа гора: ‘Дигни се оттука и фрли се во морето!’ ќе биде; 22и сѐ што ќе побарате во молитва, со вера, ќе добиете.“
Христова власт
23И кога Исус дојде во Храмот, Му пристапија - додека поучуваше - првосвештениците и народните старешини, велејќи: „Со каква власт го правиш тоа? И кој Ти ја даде таа власт?“ 24А Исус им рече во одговор: „И Јас ќе ве прашам нешто, па ако ми Го кажете тоа, и Јас ќе ви кажам со каква власт го правам ова. 25Од каде беше Јова-новото крштавање? Од небото или од луѓето?“ А тие размислуваа во себе, велејќи:“ Ако речеме ‘од небото’, ќе ни рече: ‘Зошто не му поверувавте тогаш?’ 26А ако речеме: ‘од луѓето’, се боиме од народот, зашто сите го сметаат Јована за пророк.“ 27И Му одго-ворија на Исуса и рекоа: „Не знаеме!“ Им рече и Тој: „Ни Јас нема да ви кажам со каква власт го правам ова.“
Два сина
28“Но, како ви се гледа? Еден човек имаше два сина, па дојде при првиот и му рече: ‘Синко, оди и работи денес во лозјето!’ 29Тој одговори и рече: 30’Нејќам!’ - но после се предомисли и отиде. Дојде при вториот и му рече исто така. А тој одговори и рече: ‘Одам, господаре’ и не отиде. 31Кој од двајцата ја исполни татковата волја?“ Рекоа: „Првиот!“ Исус им рече: „Вистина ви велам, цариниците и блудниците ќе ве испреварат во Божјото Царство. 32Зашто, Јован дојде при вас по патот на правдата и не му поверувавте, а цариниците и блудниците му поверуваа. А вие видовте, но не се покајавте после, за да му поверувате.“
Лоши земјоделци
33“Чујте друга приказна! Беше еден домаќин, кој насади лозје, го загради со плет, и ископа во него точило; изгради чуварница и им го даде под наем на земјоделците, и си отиде. 34А кога наближи времето на плодовите, ги испрати своите слуги при земјоделците, за да ги приберат неговите плодови. 35И земјоделците ги фатија неговите слуги: едниот го биеја, другиот го убија, а другиот го каменуваа. 36Пак испрати други слуги, повеќе од првите, но и со нив направија исто. 37Најпосле го испрати при нив својот син, велејќи: „Ќе се засрамат од мојот син!“ 38Но земјо-делците, кога го видоа синот, си рекоа меѓу себе: „Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и да го присвоиме неговото наследство!“ 39И го фатија, го исфрлија надвор од лозјето и го убија. 40Кога ќе дојде господарот на лозјето, што ќе им направи на тие земјоделци?“ 41Му одговорија: „Овие злосторници тој бедно ќе ги уништи, а лозјето ќе им го даде под наем на други земјоделци, кои ќе му ги даваат плодовите во нивно време.“ 42Исус им рече: „Зар не сте прочитале никогаш во Писмата: „Каменот што го отфрлија ѕидарите; тој стана крајаголен камен; од Госпо-да е тоа и чудесно е во нашите очи.“ 43Затоа ви велам, дека ќе ви биде одземено Божјото Царство и ќе му биде дадено на народ, кој ќе ги донесува неговите плодови! 44И кој ќе падне врз тој камен - ќе се разбие; а врз кого ќе падне тој - ќе го здроби.“ 45И кога првосвеште-ниците и фарисеите ги чуја тие Негови параболи, разбраа дека зборува за нив. 46И гледаа да Го фатат, но се боеја од народот, зашто Го сметаше за пророк.
Currently Selected:
МАТЕЈ 21: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.