РИМЈАНИТЕ 11
11
1И така, прашувам: „Дали Бог го отфрли Својот народ? Далеку од тоа! Зашто и јас сум Израелец, од Авраамовото потомство, од Венијаминовото племе. 2Бог не го отфрли Својот народ, кого го знаеше однапред. Или не знаете што вели Писмото, за Илија, како вика кон Бога против Израел, велејќи: 3“Господи, ги погубија Твоите пророци, ги разурнаа Твоите жртвеници; а јас останав сам, па и мојот живот го бараат.“ 4А што му вели Божјиот одговор: „Си оставив за себе седум илјади луѓе, кои не ги преклонија колената пред Ваала.“ 5Така е и во сегашното време, остана еден Остаток избран по благодатта. 6Но, ако е по благодат, тогаш не е по дела; зашто инаку благодатта не би била веќе благодат. 7Тогаш што? Израел не го доби она, што го бараше, а избраните го добија; а другите беа закоравени, 8како што е напишано: „Бог им даде дух на мртвило, очи да не гледаат и уши да не слушаат до денешниот ден.“ 9И Давид зборува: „Нивната трпеза да им биде стапица, и мрежа и соблазан и одмазда! 10Очите нека им се помрачат, за да не гледаат! А плеќите свиткај им ги засекогаш!“
11И така прашувам: да не се сопнаа, за да паднат сосем? Да не биде! Туку преку нивното сопнување им дојде спасение на народите, за да ги поттикнат на ревност. 12Ако нивното сопнување значи богатство за светот, а нивното отпаѓање богатство за народите, колку повеќе ќе биде нивната полнота!
13Но ви зборувам вам, народи; бидејќи сум апостол на народите, јас ја прославувам мојата служба, 14та на некој начин да го поттикнам на ревност својот род и да спасам некои од нив. 15Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, какво ли ќе биде нивното примање, ако не живот од мртвите? 16Ако се свети првите плодови - и тестото е; ако е коренот свет - и гранките се. 17Ако се откршени некои гранки, и ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу нив и си станал соучесник во сочниот корен на маслинката, 18не фали се пред гранките! Ако се фалиш, знај дека ти не го носиш коренот, туку коренот - тебе! 19Но ќе речеш: „Гранките се откршени, за да бидам јас прикалемен!“ 20Добро! Поради неверието се откршија, а ти стоиш преку верата. 21Не гордеј се, туку бој се! Зашто, ако Бог не ги поштеди природните гранки, не ќе те поштеди ни тебе. 22И така, гледај ги Божјата благодат и строгост: строгоста се пројавува кон паднатите, а Божјата благодат кон тебе, ако истраеш во благодатта - зашто инаку и ти ќе бидеш отсечен. 23А и тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог може пак да ги прикалеми. 24Зашто, ако си ти отсечен од природната дива маслинка и, против природата - си прикалемен на питомата маслинка, колку полесно ќе бидат прикалемени врз сопствената маслинка оние, кои ѝ се природни.
25Не сакам, браќа, да ви остане непозната оваа тајна, за да не мудрувате по своја мудрост: еден дел на Израел закораве, додека народите не влезат во полн број. 26И така, целиот Израел ќе се спаси, како што е напишано: „Избавителот ќе дојде од Сион; ќе ја одврати безбожноста од Јакова. 27И ова им е Завет од Мене кон нив, кога ќе им ги отстранам гревовите.“ 28Со оглед на Евангелието, тие се непријатели заради вас, но по изборот возљубени се, заради татковците. 29Зашто Божјите дарови и Неговиот позив не го познаваат каењето. 30Како што и вие му бевте некогаш непокорни на Бога, а сега добивте милост поради нивното непокорство, 31така и тие станаа сега непокорни, заради вашето помилување, за да бидат и тие помилувани. 32Зашто Бог ги затвори сите во непокорство, за да покаже милост кон сите.
33О длабочино на богатството, премудроста и Божјото знаење! Колку се недостижни Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! 34Зашто кој ја запознал Господовата мисла? Или кој Му бил советник? 35Или кој Му дал нешто однапред, за да му биде вратено?“ 36Зашто сѐ е од Него, преку Него и за Него. Нему слава во векови. Амин!
Currently Selected:
РИМЈАНИТЕ 11: MKB
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.