2 Тимотеј 1
1
1Од Павле, апостол на Исус Христос, кој по Божја волја проповеда за животот што Бог го вети преку вера во Исус Христос.
2До Тимотеј, кој ми е како вистински син. Ти посакувам Бог, Кој е наш Татко, и Исус Христос, Кој е наш Господ, да ти бидат благонаклонети, да покажат милост спрема тебе и да ти дадат мир.
3Благодарен сум Му на Бог за тебе. Нему Му служам со чиста совест, онака како што Му служеле и моите предци. Постојано те спомнувам во моите молитви и деноноќно Му се молам на Бог за тебе.
4Се сеќавам како пророни солзи при нашата разделба и копнеам пак да те видам, за повторно да се исполнам со радост.
5Знам дека имаш искрена вера. Така поверува прво баба ти Лоида, потоа мајка ти Евника, а убеден сум дека и ти веруваш во Господ исто толку искрено.
6Затоа те потсетувам да го разгоруваш во себе Божјиот дар што го доби кога положив раце врз тебе.
7Божјиот Дух не создаде од нас плашливци. Напротив, ни даде сила, љубов и самодисциплина.
8Затоа, немој да се срамиш да им зборуваш на луѓето за нашиот Господ. Немој да се срамиш ни од мене, сега кога сум в затвор поради тоа што проповедам за Господ. Искористи ја силата што ти ја дава Бог и придружи ми се во ширењето на Радосната вест, дури и ако треба заради тоа да поминеш низ страдања.
9Бог не спаси и не одбра да живееме свет живот, не поради тоа што ние со нашите постапки тоа го заслужуваме, туку затоа што тоа беше Негов план уште пред почетокот на времето - да ни ја искаже Својата благонаклоност преку Исус Христос.
10Сега, со доаѓањето на нашиот Спасител Исус Христос, тоа ни стана јасно. Од една страна, Тој ја порази смртта, а од друга страна, преку Радосната вест, ни го покажа патот кон вечниот живот.
11Бог ме постави за проповедник, апостол и учител на Радосната вест.
12Тоа е причината поради која сега страдам в затвор. Но не се срамам! Јас знам во Кого верувам и убеден сум дека Тој ќе ми го запази она што сум Му го доверил, се до Оној Ден.
13Придржувај се до здравото учење што го доби од мене, а верноста и љубовта на Исус Христос нека ти бидат пример.
14Со помош на Светиот Дух, Кој живее во нас, чувај го она што Бог ти го довери.
15Ти знаеш дека сите христијани што дојдоа овде од Азија, вклучувајќи ги Фигел и Ермоген, ме напуштија.
16Господ нека го благослови домот на Онисифор. Тој често ме посетува и не се срами поради тоа што сум в затвор.
17Веднаш штом стигнал во Рим упорно ме барал додека не ме најде.
18Господ нека му биде посебно благонаклонет во Оној Ден. Вие добро знаете колку многу тој ми помагаше додека бев во Ефес.
Currently Selected:
2 Тимотеј 1: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.