Дела Ап. 1
1
1Драги Теофиле, во мојата прва книга ти го опишав сето она што Исус го правеше и поучуваше од почетокот,
2па се до денот кога се вознесе на небото. Пред да се вознесе, им даде упатства на апостолите што ги беше одбрал во содејство со Светиот Дух.
3Во текот на четириесет дена, по Неговото распнување, Исус повеќепати се појавуваше пред Своите апостоли со што недвосмислено им докажа дека навистина е жив. Тогаш им зборуваше за Божјото царство.
4На една од тие средби, додека јадеа заедно, им ги даде следниве упатства: „Не заминувајте од Ерусалим се додека небесниот Татко не ви го прати Светиот Дух, Кој ви го вети. Јас уште отпорано ви го кажав тоа.
5Јован Крстител крштаваше во вода, но по неколку дена вие ќе бидете крстени во Светиот Дух.“
6Додека апостолите беа со Исус, честопати Го прашуваа: „Господе, сега ли ќе го ослободиш Израел и ќе го возобновиш нашето царство?“
7Тој им одговори: „Времето и датумите ги определува небесниот Татко и не сметал за потребно вам да ви ги кажува!
8Но штом Светиот Дух ќе слезе врз вас, вие ќе добиете сила и ќе им проповедате за Мене на луѓето во Ерусалим, во цела Јудеја, во Самарија, и се до крајот на Земјата.“
9Откако им го рече ова, пред нивните очи Исус почна да се подига кон небото и тие Го гледаа се додека облак не Го скри од нивните погледи.
10Додека тие со вперени погледи кон небото гледаа како Тој заминува, пред нив се појавија двајца мажи облечени во бело,
11и им рекоа: „Галилејци, зошто стоите и зјапате во небото? Истиот Исус, Кој пред вашите очи се вознесе на небото, повторно ќе дојде, на истиот начин на кој и замина!“
12Тогаш апостолите се вратија во Ерусалим. Ова се случуваше на ридот наречен Маслинова Гора. Тој рид е близу до Ерусалим, на оддалеченост помала од еден километар.
13Влегоа во градот и отидоа во горната соба на куќата каде што редовно престојуваа. Таму беа: Петар, Јован, Јаков, Андреј, Филип, Тома, Бартоломеј, Матеј, Јаков (синот на Алфеј), зилотот Симон и Јуда (синот на Јаков).
14Сите овие луѓе сложно и редовно се собираа и заедно се молеа. Со нив беа и: Марија (мајката на Исус), повеќе други жени и браќата на Исус.
15По неколку дена се собраа околу сто и дваесет Христови следбеници. Петар стана и им се обрати:
16„Драги пријатели христијани! Уште пред неколку столетија, Светиот Дух ја претскажа судбината на Јуда Искариот, преку зборовите искажани од царот Давид, запишани во Светото Писмо. Значи, тоа што се случи со Јуда, предводникот на оние што го уапсија Исуса, беше претскажано и мораше да се исполни,
17иако Јуда беше еден од нас и работеше заедно со нас.“
18(Со парите што ги доби за предавството на Исус, Јуда си купи нива. Потоа таму се обеси, па падна сред неа, распукнувајќи се, при што целата утроба му се истури.
19За ова дознаа сите жители на Ерусалим, па таа нива ја нарекоа Акал-Д’ма, што на нивниот јазик значи ?Крвна нива‘.)
20„Во книгата на псалмите стои запишано: ,Домот да му се запусти, никој во него да не живее!‘ и ,Службата негова друг нека ја преземе!‘
21Затоа треба да одбереме човек што ќе го замени Јуда. Тоа треба да биде некој што беше со нас во текот на целото време, откако Господ Исус дојде, па се додека си замина,
22некој што беше со нас откако Јован Крстител Го крсти Исуса, па се до денот кога Исус се вознесе на небото. Тој човек треба да биде и очевидец на воскреснатиот Исус, како што сме и ние.“
23Тогаш предложија двајца: првиот беше Јосиф Барсаба, познат и како Јуст, а вториот беше Матија.
24Пред да го извршат изборот, се помолија вака: „Господе, ти знаеш што лежи во срцето на секој човек. Покажи ни кого си го одбрал од овие двајца
25да биде апостол наместо Јуда, кој не изневери и заврши таму каде што припаѓа.“
26Потоа со ждрепка го одбраа Матија, кој им се приклучи на останатите единаесет апостоли.
Currently Selected:
Дела Ап. 1: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.