Јован 17
17
1Откако Исус ги искажа овие работи, го подигна погледот кон небото и почна да се моли: ”Татко, дојде часот да Го прославиш Својот Син, за да може Синот да Те прослави Тебе;
2зашто, Ти Му даде власт над сите луѓе, да може да им даде вечен живот на сите оние што Му ги имаш дадено.
3А вечен живот е ова: да Те познаат Тебе, единствениот вистински Бог, и Исус Христос, Кого Ти Го испрати‘.
4Јас Ти донесов слава овде на Земјата со тоа што ја извршив задачата што Ти ми ја довери.
5А сега, Татко, врати ми ја одново славата што ја имав со Тебе пред создавањето на светот.
6Татко! Јас Те објавив на луѓето што Ти ми ги даде од светот. Твои беа, но Ти ми ги даде и тие ја послушаа Твојата порака.
7Сега знаат дека се што имам, Ти Си ми го дал,
8зашто пораката што Ти ми ја даде, им ја пренесов и тие ја прифатија. Сега знаат дека од Тебе дојдов и веруваат дека Ти Ме испрати.
9Јас се молам за нив; не се молам за оние што му припаѓаат на светот, туку за оние што ми ги даде, зашто се Твои.
10Се што имам Јас е Твое, и се што имаш Ти е Мое; тие ќе ми донесат слава.
11Свети Татко! Јас повеќе не сум во светот, зашто се враќам кај Тебе, но тие остануваат во светот. Зачувај ги преку силата на Своето име што Ти ми го даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно.
12Додека бев со нив, Јас ги чував преку силата на Твоето име што Ти ми го даде, и ги зачував. Никој од нив не се загуби, освен синот на пеколот, за да се потврди претскажаното во Светото Писмо.
13А сега, Јас се враќам кај Тебе и овие работи ги кажувам додека сум се уште во светот, за Моите следбеници да ја имаат во себе истата, целосна радост, што ја имам Јас.
14Јас им ја предадов Твојата порака, но светот ги замрази, зашто тие не му припаѓаат на светот, исто како што ни Јас не му припаѓам на светот.
15Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот.
16Тие не му припаѓаат на светот, како што ни Јас не му припаѓам на светот.
17Твојот збор е вистина. Направи ги свети преку вистината.
18Јас ги испраќам во светот, како што Ти Мене Ме испрати во светот.
19Јас се посветив за нив, за и тие да и бидат посветени на вистината.
20Не молам само за овие Мои следбеници, туку и за оние што ќе поверуваат во Мене како резултат на нивното проповедање,
21па така сите да бидат едно. Како што си Ти Татко во Мене и Јас во Тебе, така и тие да бидат во Нас, за да поверува светот дека Ти Ме испрати.
22Јас им ја дадов истата слава што Ти ми ја даде, за да бидат едно, како што Ти и Јас сме едно.
23Јас сум во нив, а Ти си во Мене; така и тие да бидат во целосно единство и светот да сфати дека Ти Ме испрати и дека ги сакаш Моите следбеници исто како што Ме сакаш Мене.
24Татко, сакам да бидат таму со Мене сите што Ми ги имаш дадено, за да ја гледаат Мојата слава, што ми ја даде Ти, зашто Ме засака уште пред да биде создаден светот!
25Праведен Татко! Светот Тебе не Те познава, но Јас Те познавам, а Моите следбеници сфатија дека Ти Ме испрати.
26Јас им објавив за Тебе и ќе продолжам да Те објавувам. Тогаш љубовта што ја имаш Ти спрема Мене ќе стане дел од нив и Јас ќе бидам во единство со нив.“
Currently Selected:
Јован 17: MNT
Highlight
Share
Copy
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.