YouVersion Logo
Search Icon

Тит 2

2
1Ти поучувај го она што е во согласност со здравото учење.
2Постарите луѓе советувај ги да бидат трезвени, сериозни и разумни. Тие треба да имаат непоколеблива вера, љубов и трпение.
3Постарите жени исто така треба да се однесуваат онака како што им прилега на луѓе што веруваат во Господ. Да не озборуваат, ниту да му робуваат на виното. Тие треба да поучуваат на добро поведение,
4да ги поттикнуваат помладите жени да си ги сакаат мажите и децата,
5да бидат разумни, чисти, вредни домаќинки, да бидат добри, да им се покоруваат на своите мажи. Во спротивно, ќе станат повод да се зборува лошо за христијанството.
6Советувај ги и младите мажи да бидат разумни.
7Биди им пример со своето добро поведение. Кога поучуваш, биди сериозен и искрен.
8Зборувај умесно и разбирливо, за да не може никој да те прекорува, а секој противник да се засрами, немајќи ништо лошо да каже за тебе.
9Робовите во се нека им се покоруваат на своите господари, без да се муртат и да противречат.
10Не смеат да поткраднуваат. Треба да покажат верност и добрина, зашто така ќе придонесат луѓето многу повеќе да го почитуваат учењето на нашиот Спасител и Бог.
11Бог ни покажа колку ни е благонаклонет со тоа што дојде да ги спаси сите луѓе.
12Не поучи да се откажеме од безбожниот начин на живеење и од световните похоти, па да почнеме да живееме разумно, праведно и побожно,
13очекувајќи го тој прекрасен ден на кој се надеваме, кога величествено ќе се врати нашиот Велик Бог и Спасител Исус Христос.
14Тој се жртвуваше за нас, за да не ослободи од секаков грев и да не направи чисти. Тој сака ние да бидеме Негов народ и од се срце да го правиме она што е добро.
15Учи ги луѓето на ова, поттикнувај ги, и со целосен авторитет укорувај ги непослушните. Не дозволувај никој да го омаловажува тоа што го проповедаш.

Currently Selected:

Тит 2: MNT

Highlight

Share

Copy

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in