Создавање 3

3
Протерување на мажот и жената од рајот
1 # Јн 8,44; Откр 12,9; 20,2 Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“ 2А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; 3– само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“ 4Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! 5#2,17; 3,22Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“ 6#Јк 1,13-15Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше. 7#Пс 104,20-30; Јов 34,14-15; Проп 3,20; 12,7; 1 Кор 15,45-49Тогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала. 8Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја. 9#Изреки 3,18; Откр 2,7; 22,14Но Господ Бог го повика Адам и му рече: „Каде си?“ 10#Ез 47,1; Откр 22,1-2А тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.“ 11И Тој рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“ 12Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.“ 13Тогаш Господ Бог ѝ рече на же­ната: „Зошто го направи тоа?“ Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.“ 14На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, про­к­лета да си меѓу сите животни и сите полски ѕверови; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот! 15И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата.“ 16А на жената ѝ рече: „Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките; со болки ќе раѓаш деца, и ќе се приклониш кон мажот свој, и тој ќе ти биде господар!“ 17#Рим 6,23Па потоа му рече на Адам: „Би­дејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот; 18#24,67; Изреки 18,22трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. 19Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ 20Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи. 21#15,12А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив. 22#1 Кор 11,8-9; 1 Тим 2,13И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја испружи раката своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!“ 23#Песна 2,16; 6,3Тогаш Господ Бог го изгони од Едем­ската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен. 24#Мал 2,15; Мт 19,5; 1 Кор 6,16; Ефес 5,31Откако, пак, го изгони Адам, по­с­та­ви на исток пред градината Едем хе­рувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió