Јован 3
3
Исусовиот разговор со Никодим
1 #
7,50; 19,39 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. 2#9,16.33; Мт 22,16; Дела 10,38Тој дојде кај Исус ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“ 3#1,13; Мт 4,17; 6,10; Тит 3,5; Јк 1,17-18; 1 Птр 1,23; 1 Јн 3,9Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“ 4Никодим Му рече: „Како може човек да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“ 5#Ис 44,3; Ез 36,25-27; Мт 5,20; 2 Птр 1,11А Исус му одговори: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во царството Божјо; 6#6,63; 1 Мојс 6,3; 1 Кор 15,50; 1 Птр 1,3зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. 7#1 Кор 15,44-50Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. 8#6,63; 14,17; Ис 32,15; 44,3; 59,21; Ез 37,9; Јоил 3,1-2; Пс 78,39; Проп 11,5Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“ 9Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“ 10#Ез 11,9Исус одговори и му рече: „Ти си учител во Израел, па тоа ли не го знаеш? 11#3,32; 5,19.31-32; 18,37; 1 Кор 2,14Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и сведочиме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. 12#Лк 22,67; Рим 1,16Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? 13#5 Мојс 30,12; Изреки 30,4; Ефес 4,9Никој не се искачил на небото, освен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој е на небото. 14#8,28; 12,32.34; 4 Мојс 21,4-9; Мт 8,20И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки, 15#20,31; 1 Јн 5,11-13.20та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен. 16#1 Мојс 22,16-17; Мт 21,37; Рим 8,32; 1 Јн 4,9-10Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 17#3,36; 8,15-16; Лк 19,10; 2 Кор 5,19Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него. 18#5,24Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји. 19#1,5.9-11; 8,12; 1 Јн 1,7А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20#Јов 24,13-17; Ефес 5,11-13Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела (бидејќи се лукави). 21А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“
Исус и Јован
22 #
4,1-2
Потоа дојде Исус со учениците Свои во земјата Јудејска, и таму живееше со нив и крштаваше. 23#Мт 3,6А Јован крштаваше во Енон, близу Салим, зашто таму имаше многу вода; и доаѓаа и се крштаваа, 24#Мт 4,12; 14,3; Лк 3,20зашто Јован уште не беше фрлен во затвор. 25Тогаш настана расправија меѓу учениците Јованови и Јудејците околу очистувањето. 26#12,19; Лк 7,18И дојдоа кај Јован и му рекоа: „Рави, Оној што беше со тебе отаде Јордан и за Кого ти сведочеше, ете, Тој крштава и сите одат кај Него.“ 27#19,11; 1 Кор 4,7; Евр 5,4; Јк 1,17А Јован одговори и рече: „Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. 28#1,20; Мал 3,1; Мт 11,10Вие самите сте мои сведоци дека реков: ‚Јас не сум Христос, но сум испратен пред Него.‘ 29#15,11; Ис 62,4-5; Ез 16,8; Ос 1,2; 2,21; Мт 9,15; 25,1; 2 Кор 11,2; 2 Јн 1,12; Откр 21,2; 19,7.9Оној што ја има невестата е младоженец; а пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува на гласот од младоженецот. Оваа моја радост се исполни. 30#2 Сам 3,1Тој треба да расте, а јас да се смалувам!“
Тој што доаѓа одозгора
31 #
3,13; 8,23; 1 Јн 4,5 „Кој доаѓа одозгора, тој е над сите; а кој е од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите. 32#3,11; 1 Јн 5,10И за она што виде и чу, за тоа сведочи; и сведоштвата Негови никој не ги прима. 33#7,28; 8,26А тој што го примил Неговото сведоштво потврдил дека Бог е вистинит. 34#13,3; 16,27Тој што е испратен од Бога, кажува Божји зборови; зашто Бог Го дава Духот неизмерно. 35#5,20; 10,17; Мт 11,27; 28,18Зашто Отецот Го љуби Својот Син и сѐ Му даде во раката Негова. 36#3,16-18; Рим 2,8; Ефес 5,6; 1 Јн 5,13Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе биде врз него.“
S'ha seleccionat:
Јован 3: MK2006
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: