Јован 4

4
Исусовиот разговор со Самарјанката
1 # 3,22 Кога разбра Исус дека фарисеите чу­ле дека Тој придобива повеќе ученици отколку Јован и крштаваше, 2макар што Самиот Исус не крш­та­ваше, туку учениците Негови, 3ја напушти Јудеја и отиде пак во Галилеја. 4#Мт 10,5; Лк 9,52-55; 17,11Требаше да мине преку Самарија. 5#1 Мојс 33,19; 48,22; Ис.Н. 24,32Така, дојде во самарјанскиот град, наречен Сихар, близу до земјиштето, што му го даде Јаков на својот син Јо­сиф. 6#5 Мојс 33,28Таму беше изворот на Јаков. И Исус, изморен од патот, седна покрај изворот; а беше околу шестиот#4,6 Околу 12 часот. час. 7#1 Мојс 24,20; Ис 12,3Дојде една жена од Самарија, за да полни вода. Исус ѝ рече: „Дај Ми да пи­јам!“ 8А учениците Негови беа отишле во градот да купат храна. 9#Лк 10,33Жената Самарјанка Му рече: „Како Ти, Јудеец, бараш од мене, жена Са­мар­јанка, да пиеш?“ Зашто Јудејците со Самарјаните не се мешаат. 10#7,37-38; Ер 2,13; 17,13; Зах 14,8; Пс 36,8-9; Откр 21,6; 22,17Исус ѝ одговори и рече: „Кога би го знаела дарот Божји и Кој е Овој што ти вели: ‚Дај Ми да пијам‘ – ти самата би побарала од Него и Тој би ти дал жива вода.“ 11Жената Му рече: „Господи, Ти нема со што да нацрпеш, а кладенецот е дла­бок; од каде, пак, имаш жива вода? 12#8,53; Мт 12,41-42Зар си Ти поголем од нашиот татко Јаков, кој ни го даде овој кладенец!? И самиот тој пиеше од него, и синовите негови, и добитокот негов!“ 13Исус ѝ одговори и рече: „Секој што пие од оваа вода, пак ќе ожедни; 14#6,35; 7,38; Ис 44,3; 58,11; Јоил 3,1а кој пие од водата, што ќе му ја да­дам Јас, нема никогаш да ожедни; таа во него ќе стане извор на вода што ќе тече во живот вечен.“ 15#6,34Жената Му рече: „Господи, дај ми таква вода за да не ожеднувам, ниту да идам овде за полнење!“ 16Исус ѝ рече: „Оди, повикај го твојот маж и дојди тука!“ 17Жената одговори и Му рече: „Не­мам маж.“ Исус ѝ рече: „Право кажа дека немаш маж; 18#Ос 2,7зашто петмина мажи си имала и овој, што го имаш сега, не ти е маж; право рече.“ 19#7,40Жената Му одговори: „Господи, гледам дека си Ти пророк! 20#5 Мојс 11,29; 12,5-14; Пс 122,1-5; Лк 9,53Нашите татковци се поклонуваа на оваа планина, а вие велите дека во Еру­салим е местото каде што треба да се поклонуваме.“ 21#Мал 1,11; Дела 6,14Исус ѝ рече: „Жено, верувај Ми де­ка доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот. 22#2 Цар 17,27-41; Ис 2,3; Рим 9,3-4Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. 23#5,25; Ефес 2,18; 1 Јн 5,6Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со дух и вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. 24#Рим 8,5; 12,1Бог е Дух и оние што Му се покло­нуваат, треба да се поклонуваат со дух и со вистина.“ 25#1,41Жената Му рече: „Знам дека ќе дој­де Месија, наречен Христос; кога ќе дојде Тој, сѐ ќе ни каже.“ 26#9,37; Мк 14,61-62А Исус ѝ рече: „Јас сум, Кој зборува со тебе.“ 27И тогаш дојдоа учениците Негови и се зачудија дека говореше со жена; но ниеден не Му рече: „Што сакаш?“ или: „Зошто зборуваш со неа?“ 28А жената ја остави својата стомна и отиде в град и им рече на луѓето: 29#Мт 12,23„Дојдете, видете Го човекот Кој ми кажа сѐ што сум направила. Да не е Тој Христос?“ 30Тогаш тие излегоа од градот и трг­наа кон Него. 31Во тоа време, пак, учениците Го мо­леа, велејќи: „Рави, јади!“ 32#5 Мојс 8,3; Мт 4,4Но Тој им рече: „Јас имам храна за јадење, што вие не ја знаете.“ 33Тогаш учениците си проговорија меѓу себе: „Да не Му донел некој да ја­де?“ 34#5,30А Исус им рече: „Мојата храна е да ја исполнувам волјата на Оној Кој Ме пратил и да го извршам Неговото дело. 35#Мт 9,37-38; Мк 4,29; Откр 14,15Не велите ли вие дека уште четири месеци, па ќе настане жетва? А јас, пак, ви кажувам: подигнете го погледот и видете ги нивите како побелеле, готови за жетва. 36#Ис 9,2; Пс 126,5-6И жетварот веќе добива плата и со­бира плод за вечен живот, та да се радуваат заедно и сејачот и жетварот. 37#Мих 6,15; Јов 31,8; 1 Кор 3,6Зашто во ова вистинита станува поговорката: ‚Еден сее, а друг жнее.‘ 38#17,18; 20,21; Дела 8,14-17Јас ве испратив да го жнеете она за што не сте се труделе; други се трудеа, а вие влеговте во нивниот труд.“ 39И мнозина Самарјани од тој град поверуваа во Него поради зборовите на жената која сведочеше: „Ми кажа сѐ што сум направила.“ 40#Лк 9,52; Дела 8,25; 10,48Кога дојдоа, пак, Самарјаните кај Него, Го замолија да остане кај нив. И Тој остана таму два дена. 41И уште повеќе поверуваа поради словото Негово; 42#Лк 2,11; Фил 3,20; 2 Тим 1,10; 1 Јн 4,14а на жената ѝ велеа: „Сега веќе не веруваме само заради твоето ка­жување, зашто сами чувме и знаеме де­ка Тој е Спасителот на светот, Хрис­тос.“
Исус исцелува момче на умирање
(Мт 8,5-13; Лк 7,1-10)
43А по два дни, Тој замина оттаму и отиде во Галилеја. 44#Мт 13,57Зашто Сам Исус беше посведочил дека пророкот во своето родно место нема почит. 45#2,23Кога дојде, пак, во Галилеја, Га­ли­лејците Го примија, зашто беа виделе сѐ што извршил во Ерусалим на праз­ни­кот; зашто и тие беа на празникот. 46#2,1-11И така, Исус пак дојде во Кана Га­лилејска, каде што беше претворил во­да во вино. Имаше еден царски човек, чиј син беше болен во Капернаум. 47Тој, штом чу дека Исус пристигнал од Јудеја во Галилеја, отиде кај Него и Го замоли да слезе и да му го излекува синот, зашто беше на умирање. 48#Мт 16,1-4; Мк 13,22; Дела 2,19; Рим 15,19; 1 Кор 1,22; Евр 2,4А Исус му рече: „Ако не видите знаци и чуда, нема да поверувате?“ 49Царскиот човек Му рече: „Господи, дојди додека уште не ми умрело детето!“ 50#1 Цар 17,23; Мт 8,13; Мк 7,29А Исус му одговори: „Оди си! Тво­јот син е жив!“ И човекот поверува на зборот што му го кажа Исус и си за­мина. 51И веднаш, уште додека слегуваше, го сретнаа слугите негови и му јавија: „Синот твој е жив!“ 52#Мт 8,14-15; Дела 28,8А тој ги праша за часот кога му станало полесно. Тие му одговорија: „Од вчера во седмиот час веќе нема треска.“ 53#1,50; 3,12; 20,29; Дела 11,14; 16,14-15.31Тогаш таткото разбра дека тоа ста­на­ло во истиот час кога Исус му рече: „Твојот син е жив!“ И поверува тој и целиот негов дом. 54#2,11Ова беше второто чудо што го из­вр­ши Исус, кога пристигна од Јудеја во Галилеја.

S'ha seleccionat:

Јован 4: MK2006

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió