Јован Вовед
Вовед
Евангелието според Јован Го прикажува Господ Исус како Божјо Слово (Реч, Збор), Кое стана тело и живееше меѓу луѓето. Во самото Евангелие е јасно кажана и целта поради која е напишано: за читателите да поверуваат дека Исус е ветениот Спасител, Божјиот Син, и преку вера во Него да се здобијат со вечен живот (20,23).
Евангелието започнува со претставување на Исус како Божјо Слово. Следуваат низа извештаи за чудата што Исус ги правел, со кои Тој се потврдува како Божји Спасител за луѓето. Потоа се опфатени Исусовите објаснувања за значењата на извршените чуда. Во продолжение Јован ја опишува присноста меѓу Исус и Неговите ученици, преку повеќе случки и совети дадени во последната ноќ пред Исус да биде уапсен. Следуваат записите за Исусовото приведување, судење, распнување, воскресение и појавувањата на воскреснатиот Господ Исус.
Ова Евангелие го нагласува вечниот живот што се добива преку вера во Исус Христос. Јован ги запишал бројните поуки на Исус во кои за духовните работи се зборува преку споредби, односно параболи со секојдневни нешта, како што се водата, лебот, светлината, пастирот и овците, лозата и прачките, итн.
S'ha seleccionat:
Јован Вовед: MK2006
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: