Лука 24
24
Исусовото воскресение
(Мт 28,1-10; Мк 16,1-8; Јн 20,1-10)
1 #
Јн 20,1.19; Дела 20,7; 1 Кор 16,2 Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси. 2Но ја најдоа плочата иставена на гробот. 3#Дела 1,21И кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. 4#Мк 9,3; Дела 1,10И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во светли облеки; 5#1,12; Ис.Н. 3,10; Суд 8,19; 1 Сам 14,39тие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? 6#9,22Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Галилеја, 7#17,25; 18,32-33; Мт 8,20; Дела 17,3говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да воскресне.“ 8#Јн 2,22И се сетија на Неговите зборови. 9Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други. 10#8,2; 24,24А тие беа Марија Магдалена, и Јоана, и Марија Јаковова заедно со другите. Тие им го кажаа тоа на апостолите. 11#Мт 28,17И нивните зборови им изгледаа како лага, и не им поверуваа. 12Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случило.
На патот кон Емаус
(Мк 16,12-13)
13Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии#24,13 Околу 11 км.. 14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани. 15#Мт 18,20И додека расправаа и разговараа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив; 16#Јн 20,14; 21,4но очите им се замрежија за да не Го познаат. 17А Тој им рече: „Какви се тие зборови што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“ 18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“ 19#Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И го праша: „Што?“ Тие Му одговорија: „Она што се случи со Исус од Назарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ; 20дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; 21#1,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и покрај сето тоа, денес е веќе трет ден, откако се случи ова. 22#Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот, 23#24,9и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ангели и дека им кажале дека е Тој жив. 24#Јн 20,3-8Отидоа на гробот и некои од нашите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“ 25Тогаш им рече: „О, безумни! Срцето ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците! 26#Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ 27#16,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо. 28#Мк 6,48И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи. 29#Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Остани со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив. 30#22,19; 1 Кор 11,24А кога седеше со нив на трпеза, зеде леб, го благослови, го прекрши и им подаде. 31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив. 32#Пс 39,3И си рекоа еден на друг: „Зар не гореа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Писмото?“ 33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Единаесетте и оние кои беа со нив, 34#1 Кор 15,4-5каде што говореа дека Господ навистина воскреснал и му се јавил на Симон. 35#1 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го прекршувал лебот.
Појавување пред учениците
(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
36 #
1 Кор 15,5
Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им рече: „Мир вам!“ 37#Мт 14,26А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух. 38Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? 39Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Мене и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ 40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. 41Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ 42Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43И кога зеде, јадеше пред нив. 44Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“ 45Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, 46и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, 47и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гревовите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; 48а вие сте сведоци за ова. 49И ете, Јас ќе го испратам врз вас ветувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се облечете во сила одозгора.“
Христовото вознесение
(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)
50И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. 51И додека ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; 52тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. 53И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.
S'ha seleccionat:
Лука 24: MK2006
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006

: