Лука 22

22
Заговорот против Исус
(Мт 26,1-5; 14,16; Мк 14,1-2.10-11)
1 # 2 Мојс 12,1-27; Јн 11,57 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; 2#Ер 26,21; Мт 12,14; 14,5а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. 3#4,13; Мт 10,2-4; Јн 13,2.27; Дела 1,17И влезе сатаната во Јуда, наречен Искариот, кој беше вброен меѓу Два­на­есетте. 4#22,52; Дела 4,1И кога отиде, се договори со прво­свештениците и началниците, како да им Го предаде. 5Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат сребреници. 6Тој вети и бараше згоден час, да им Го предаде без знаење на народот.
Приготвување на Пасхалната Вечера
(Мт 26,17-20; Мк 14,12-21; Јн 13,21-30)
7 # 22,1; 2 Мојс 12,14-21; 5 Мојс 16,6-8 Дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне; 8#19,29; 2 Мојс 12,8-11; Дела 3,1па ги испрати Исус Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни пас­ха, за да јадеме!“ 9А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ 10Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек со стомна вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, 11и кажете му на домаќинот од ку­ќа­та: ‚Учителот ти вели: каде е собата, во која треба да јадам пасха со учениците Свои?‘ 12И тој ќе ви покаже голема одаја, послана; таму пригответе.“ 13#19,32Кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија пасхата.
Последната вечера
(Мт 26,26-30; Мк 14,22-26; 1 Кор 11,23-25)
14 # Мт 26,20 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата заедно со апостолите. 15#12,49-50; Дела 3,18; Евр 2,18И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа пасхална вечера со вас, пред да пострадам; 16#13,29; 14,15зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, додека не се исполни во царството Божјо.“ 17#1 Кор 10,16Тогаш ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете и разделете ја меѓу се­бе, 18#Мт 3,2; 6,10зашто отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод, додека не дојде цар­ството Божјо.“ 19#9,16; 24,30; 2 Мојс 12,14; 13,9; Дела 27,35; 1 Кор 10,16Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Мо­е­то тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“ 20#2 Мојс 24,8; Ер 31,31; 32,40; Зах 9,11; Евр 9,20Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролева за вас.
Најавување на предавството
(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21)
21 # Пс 41,9; Јн 13,21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава. 22#Мт 8,20; Дела 2,23Синот Човечки, пак, заминува, спо­ред она што е определено, но тешко му на оној човек, што ќе Го предаде.“ 23#Јн 13,22И почнаа да се прашуваат меѓу се­бе, кој ли ќе е од нив што ќе го направи тоа?
Кој е поголем?
(Мт 18,1; 20,25-28; Мк 9,34; 10,42-45)
24 # 9,46 А се појави меѓу нив и расправија, кој од нив да се смета за поголем. 25Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите, а оние што управуваат над нив се викаат добротвори. 26#9,48; Мт 20,26Вие, пак, немојте така; но по­го­ле­миот меѓу вас да биде како најмалиот и тој, што е старешина, да биде како слу­га. 27#Јн 13,4-16Зашто кој е поголем, тој што седи на трпеза, или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како слуга. 28#Дела 1,21Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите напасти, 29#12,32; 2 Мојс 19,6; Евр 9,20; 1 Птр 2,9; Откр 5,10и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, 30#13,28; Мт 19,28; Откр 3,20-21за да јадете и да пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израелови колена.“
Претскажување на Петровото откажување
(Мт 26,31-35; Мк 14,27-31; Јн 13,36-38)
31 # Амос 9,9; Јов 1,6-12; Мт 4,18; 2 Кор 2,11 И рече Господ: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница; 32#2 Сам 15,20-21; Мт 16,18; Јн 17,15; 21,15-17но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти кога еднаш ќе се обратиш, укрепи ги браќата свои!“ 33#22,54А тој Му одговори: „Господи, готов сум да одам со Тебе и в затвор, и во смрт.“ 34#22,61Но Тој му рече: „Ти велам, Петре, уште пред да запее денес петелот, ти трипати ќе потврдиш дека не Ме познаваш.“
Ќесе, торба и меч
35 # 9,3; 10,4 Па им рече: „Кога ве праќав без ќе­се, и без торба, и без обувки, дали ви не­достасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“ 36#22,49; Мт 10,34И им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож; 37#23,32; Ис 53,12; Јн 19,28; Дела 8,32-33зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ‚И меѓу злосторници Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“ 38А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
Молитва на Маслиновата Гора
(Мт 26,36-46; Мк 14,32-42)
39 # 21,37; Мт 26,30; Мк 11,1; Јн 18,1 И кога излезе, тргна, како обично, кон Маслиновата Гора; по Него одеа и учениците Негови. 40#11,4; Мт 6,13А штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се за да не паднете во ис­ку­ше­ние!“ 41#3,21И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се фрли, па ги преклони ко­лената и се молеше, 42#Мт 6,10; Мк 10,38; Јн 5,30велејќи: „Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде мојата волја, туку Твојата!“ 43#Дан 10,18И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. 44Па, бидејќи се наоѓаше во внатреш­на борба, поусрдно се молеше, а потта Му беше како капки крв, што паѓаа на земјата. 45Штом стана од молитвата, дојде кај учениците Свои и ги најде заспани од тага. 46#22,40И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете Му се на Бога за да не паднете во искушение!“
Јудиното предавство
(Мт 26,47-56; Мк 14,43-50; Јн 18,3-11)
47 # Дела 1,16 И уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе заедно со еден од Дванаесетте, наречен Јуда, кој се приближи до Исус да Го целива. (Зашто таков знак им беше дал: „Кого ќе Го целивам, Тој е.“) 48А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“ 49#22,36Оние, пак, што беа со Него, кога ви­доа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“ 50#Јн 18,10.26И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. 51А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре увото не­гово и го исцели. 52#22,37А на првосвештениците и храмов­ни­те управници и на старешините, што беа дошле против Него, Исус им рече: „Како на разбојник ли сте излегле со ножеви и колови за да Ме фатите? 53#19,47; 21,37; Јн 7,30; Кол 1,13Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашето време и власта на мракот.“
Петровото откажување
(Мт 26,57-58.69-75; Мк 14,53-54.66-72; Јн 18,12-18.25-27)
54 # 22,33 И кога Го фатија, Го поведоа и од­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар оддалеку одеше по Него. 55Кога запалија оган во дворот и седнаа наоколу, седна и Петар меѓу нив. 56А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, погледна на него и рече: „И овој беше со Него!“ 57Но тој се одрече од Него, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ 58Малку потоа, кога го виде еден друг, рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“ 59#Дела 4,13А кога мина време околу еден час, еден друг човек почна да тврди, зборувајќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ 60Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И одеднаш, уште додека говореше, запеа петел. 61#22,34Тогаш Господ се заврти и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште додека петел не пропее, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 62И штом излезе надвор, заплака гор­ко.
Првите измачувања
(Мт 26,67-68; Мк 14,65)
63А луѓето, што го држеа Исус, Му се потсмеваа и Го тепаа. 64#Јов 16,11Па, откако Го покрија, Го удираа по образите, и го прашуваа, велејќи: „Про­речи кој Те удри?“ 65И многу други хули рекоа против Него.
Исус пред Синедрионот
(Мт 26,59-66; Мк 14,55-64; Јн 18,19-24)
66 # Мт 26,57; Мк 11,27 А кога се раздени, се собраа ста­ре­шините народни, првосвештениците и книжниците и Го воведоа во Си­не­дри­о­нот, 67#Јн 3,12; 8,45; 10,24-25и рекоа: „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „И ако ви ка­жам, навистина нема да поверувате. 68А ако ве запрашам, нема да Ми од­говорите. 69#Пс 110,1; Мт 8,20; Мт 22,44Отсега Синот Човечки ќе седи од­дес­но на силата Божја.“ 70#1,35; 4,3.9; Мт 14,33; Мк 1,1; Јн 10,24.36И сите рекоа: „Ти ли си, значи, Си­нот Божји?“ А Тој им рече: „Вие велите дека сум Јас.“ 71#Јн 10,30-33А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Ние сами чувме од Не­го­ва­та уста.“

S'ha seleccionat:

Лука 22: MK2006

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió