Јован 1
1
Вечното слово стана плот. Сведоштвото на Крстителот за Јагнето Божјо. Првите ученици Исусови.
1Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.
2Тоа во почетокот беше во Бога.
3Сѐ стана преку Него и без Него ништо не стана, што стана.
4Во Него имаше Живот и Животот им беше светлина на луѓето.
5И Светлината во темнина свети и мракот на ја опфати.
6Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бога;
7тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8Тој не беше Светлина, туку да сведочи за Светлината.
9Постоеше вистинска Светлина, Која го просветлува секој човек, што доаѓа на светов.
10Во светот беше и светот преку Него стана, но светот не Го позна.
11Дојде при Своите и Своите не Го примија.
12А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји:
13кои не од крв, ни од похот машка, а од Бога се родија.
14И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: »Овој е за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, ме испревари, оти постоеше порано од мене!«
16И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
17зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
18Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во крилото на Отецот – Он Го објави.
19И тоа е сведоштвото на Јована, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: »Кој си Ти?«
20Тој призна и не одрече, а објави: »Не сум јас Христос.«
21И го прашаа: »А што си? Илија ли си ти?« Одговори: »Не сум.« »Пророк ли си?« И одговори: »Не.«
22А тие Му рекоа: »Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, што нѐ испратија; што велиш за себе?«
23Тој рече: »Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот на Господа,« како што вели пророкот Исаија.
24А испратените беа од фарисеите;
25И го запрашаа, велејќи: »Зошто тогаш крштаваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?«
26Јован им одговори и рече: »Јас крштавам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
27Он е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.«
28Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштаваше Јован.
29На другиот ден, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: »Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!
30Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, оти постоеше порано од мене.
31Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.«
32И сведочеше Јован, велејќи: »Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него.
33Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого видиш да слегува Духот и да останува над Него, Тој е, Кој ќе крштава со Дух Свети.‘
34И јас видов и посведочив, дека е Овој Син Божји.«
35А на другиот ден, пак, стоеше Јован и двајца од неговите ученици.
36И штом Го виде Исуса да врви, рече: »Еве Го Јагнето Божјо!«
37Кога ги чуја од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исуса.
38А Исус, кога се сврти и виде дека одат по Него, им рече: »Што барате?« Тие Му одговорија: »Рави (што значи – Учителе) каде живееш?«
39Им рече: »Дојдете и видете!« Тие отидоа и видоа каде живее; и останаа тој ден при Него. Беше околу десеттиот час.
40А еден од двајцата, што беа чуле за Исуса и беа тргнале по Него, беше Андреј братот на Симона Петра.
41Тој прв го најде брата си Симона и му рече: »Го најдовме Месија, кое значи: Христос!«
42И го одведе при Исуса. А Исус, кога го погледа, му рече: »Ти си Симон, син Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар – камен.«
43На другиот ден Исус намисли да отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: »Врви по Мене!«
44И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра.
45Филип го најде Натанаила и му рече: »Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците!«
46А Натанаил му рече: »Може ли нешто добро да излезе од Назарет?« Филип му одговори: »Дојди и види!«
47Исус, пак, кога го виде Натанаила да иде при Него, рече: »Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство.«
48Натанаил Му рече: »Од каде ме познаваш?« Исус му одговори и рече: »Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.«
49Му одговори Натанаил и рече: »Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот Израилев!«
50А Исус, одговарајќи, му кажа: »Веруваш, оти ти реков дека те видов под смоквата; ќе видиш повеќе од ова.«
51И пак рече: »Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.«
S'ha seleccionat:
Јован 1: MK1990
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016