Лука 14

14
ГЛАВА 14
(Зачало 74)
1И се случи во сабота да влезе кај#Сабота од 30-та седмица по Педесетница: Во она време, се случи во сабота, да влезе Исус кај еден од фарисејските старешини и да јаде леб; а тие пазеа на Него.
2Одеднаш застана пред Него еден човек, болен од водена болест.
3И кога одговори Исус, им рече на закониците и фарисеите, велејќи: – Дозволено ли е да се лекува во сабота?
4А тие замолкнаа. И кога го допре, го излечи и го испрати.
5Потоа им рече: – Кој од вас, ако му падне во бунар вол или магаре, нема да го извади веднаш и во саботен ден?
6И не можеа да Му одговорат на тоа.
7А кога забележа како поканетите избираат први места, им кажа парабола и рече:
8– Ако те покани некој на свадба, не седнувај на прво место, за да не се случи некој од гостите да биде со поголема чест од тебе,
9и, да не дојде оној што ве поканил и тебе и него, па да рече: – отстапи го местото на овој; и тогаш, засрамен, ќе седнеш на последното место.
10Но, кога ќе бидеш поканет, отиди и седни на последното место, та оној што те поканил, штом ќе дојде, да ти каже: – пријателе, премести се погоре; тогаш ќе имаш чест од гостите што седат со тебе;
11зашто, секој што се воздига, ќе биде унижен; а тој што се понизува, ќе биде воздигнат.
Крај на саботата
(Зачало 75)
12Аи на оној што го беше поканил, му рече:#Понеделник од 26-та седмица по Педесетница: Во она време, се случи во сабота да влезе Исус кај еден од фарисејските старешини да јаде леб и, на оној што Го беше поканил, Му рече: – Кога даваш ручек или вечера, не кани ги пријателите свои, ниту браќата свои, ни роднините свои, ниту богатите соседи, за да не те поканат и тие некогаш и да ти вратат.
13Но, кога приредуваш гозба, повикај ги сиромасите, слабите, куците, слепите,
14и ќе бидеш блажен, оти тие не можат да ти вратат, а ќе ти биде отплатено при воскресението на праведните.
15А кога го чу тоа еден од оние што седеа со Него на трпезата, Му рече: – Блажен е оној, кој ќе јаде леб во царството Божјо!
Крај на понеделникот
(Зачало 76)
16Аон му одговори: – Еден човек#Недела 28 по Педесетница: Рече Господ во парабола: Еден човек (Ова и во неделата на св. праотци) приготви голема вечера и покани мнозина;
17и кога беше време за вечера, го прати слугата свој да им каже на поканетите: – дојдете, оти сѐ е веќе готово!
18И почнаа сите, како договорени, да се откажуваат; првиот му рече: – купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам извини ме.
19Другиот рече: – си купив пет чивта волови и одам да ги пробам; те молам извини ме.
20Третиот рече: – се оженив и затоа не можам да дојдам.
21Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се разгневи домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: – Отиди бргу по раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните, слабите, куците и слепите.
22И рече слугата: – Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.
23И му рече господарот на слугата: – Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24Зашто ви велам: – Никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја. Оти мнозина се поканети, но малцина се избрани.
Крај на неделата
(Зачало 77)
25Со Него одеше#Вторник од 26-та седмица по Педесетница: Во она време, со Исуса одеше многу народ; а Он се заврте и рече:
26– Ако некој дојде при Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.
27И, кој не го носи својот крст, а оди по Мене, не може да биде Мој ученик.
28Зашто, кој од вас, сакајќи да соѕида кула, не ќе седне најнапред да направи сметка колку ќе чини и дали има сѐ што е потребно за нејзиното довршување,
29та кога ќе ги постави темелите и не може да доврши, да не почнат, сите што гледаат, да му се смеат,
30и да речат: – овој човек почна да ѕида и не може да доврши.
31Или кој цар, одејќи во војна против друг цар, не ќе седне најнапред, да се посоветува, може ли со десет илјади да издржи пред оној што иде против него со дваесет илјади?
32Инаку, додека е оној уште далеку, ќе испрати слуги и ќе моли за мир.
33Така и секој од вас, кој не ќе се откаже од сѐ што има, не ќе може да биде Мој ученик.
34Солта е добро нешто, но ако таа ја изгуби соленоста, со што ќе се осоли?
35Ниту на земјата, ниту на ѓубрето им е потребна; па затоа ја фрлаат надвор. Кој има уши да слуша, нека чуе!
Крај на вторникот

S'ha seleccionat:

Лука 14: MK2008

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió