Лука 4

4
ГЛАВА 4
(Зачало 12)
1И сполнет со Дух Свети, Исус се врати од Јордан, и#Среда од 18-та седмица по Педесетница: Во она време, се врати Исус од Јордан, исполнет со Дух Свети, и беше одведен од Духот во пустината;
Крај на вторникот
2четириесет дена беше искушуван од ѓаволот, и ништо не јадеше во тие дни;
3и Му рече ѓаволот: Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.
4А Исус му одговори и рече: – Напишано е, дека не само од леб ќе живее човекот, туку и од секој збор Божји.
5И кога Го одведе на една висока планина, ѓаволот, во еден миг, Му ги покажа сите царства на светот.
6И Му рече ѓаволот: – Тебе ќе ти ја дадам сета оваа власт, и нивната слава, зашто мене ми е предадена, и ја давам кому што сакам.
7Ако ми се поклониш, сето тоа ќе биде Твое.
8Но, Исус му одговори и рече: – Бегај од Мене, сатано, оти е напишано: „На Господа твојот Бог ќе Му се поклонуваш и само Нему ќе Му служиш“!
9И Го одведе во Ерусалим, и Го постави на стреата од храмот, па Му рече: – Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!
10Зашто е напишано: „На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат;
11и на раце ќе Те земат, да не си ја сопнеш некако ногата Своја на камен“.
12А Исус му одговори и рече: – Речено е: „Не искушувај Го Господа, својот Бог“!
13Па, откако заврши ѓаволот со сите искушенија, отиде од Него, за некое време.
14И се врати Исус со духовна сила во Галилеја; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.
15А Он поучуваше по синагогите нивни, прославуван од сите.
Крај на средата
(Зачало 13)
16И дојде во#Четврток од 18-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во (Ова и на први септември, на Црковна нова година). Назарет, каде што беше одраснал, и според обичајот Свој, еден саботен ден влезе во синагогата, па стана да чита.
17Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори книгата, го најде местото, каде што беше напишано:
18„Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме испрати да ги исцелам скршените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените;
19да ја проповедам благопријатната година Господова“!
20И откако ја затвори Книгата и му ја даде на слугата, седна; и очите на сите во синагогата беа вперени во Него.
21И почна да им говори: – Денеска се исполни ова Писмо, што го чувте.
22И сите Му посведочија,
(Зачало 14)
И се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата Негова
Крај на четвртокот и на Црковна нова година
и велеа:#Петок од 18-та седмица по Педесетница: Во она време, сите се восхитуваа на Неговите благодатни зборови што излегуваа од устата на Исуса и велеа: (Ова и на св. пророк Илија). – Не е ли Овој синот на Јосифа?
23А Он им рече: – Секој од вас сигурно ќе Ми приговори: лекаре, излечи се сам! Направи го и овде, во Твојата татковина, она што чувме дека се случило во Капернаум.
24Па рече: – Вистина ви велам: ниеден пророк не е омилен во татковината своја.
25Навистина ви кажувам: имаше многу вдовици во Израилот, во деновите на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци, и настана голем глад по целата земја;
26и при ниедна од нив не беше испратен Илија, но само кај вдовицата во Сарепта Сидонска;
27и мнозина беа лепрозни во Израилот, при пророкот Елисеј, и ниеден од нив не се очисти, освен Сириецот Нееман.
28А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев;
29па, откако станаа, Го истераа надвор од градот и Го одведоа на врвот на планината, каде што беше соѕидан нивниот град, за да го турнат одозгора.
30Но Он си помина меѓу нив и си отиде.
Крај на петокот и на светителот
(Зачало 15)
31И слезе во Капернаум, во градот галилејски, и ги поучуваше во саботите.
32И#Сабота од 18-та седмица по Педесетница: Во она време, влезе Исус во Капернаум, во градот галилејски, и го поучуваше народот во саботните денови. И се чудеа на Неговото учење, зашто зборот Му беше со власт.
33Во синагогата се наоѓаше еден човек, во кого имаше нечист бесовски дух, и тој извика гласно:
34– О, што имаш со нас Ти, Исусе Назарејче? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светецот Божји.
35А Исус му заповеда, говорејќи: – Молкни, и излези од него! Па, откако го кутна насреде, бесот излезе од него и ништо лошо не му направи.
36И сите се уплашија, и расудуваа, говорејќи помеѓу себе: – Какви се овие зборови, со власт и сила им заповеда на нечистите духови и тие излегуваат?
Крај на саботата
(Зачало 16)
37Па се разнесе глас за Него по сите околни места.
38Штом излезе од синагогата, влезе во ку ќата Симонова;#Понеделник од 19-та седмица по Педесетница: Во она време, влезе Исус во куќата Симонова и се разнесе глас за Него по сите околни места; а тештата на Симона имаше силна треска, и Го помолија за неа.
39И, откако застана над неа, Он ѝ заповеда на треската и таа ја остави; и таа веднаш стана и им служеше.
40А на зајдисонце, сите што имаа болни од разни болести ги доведуваа при Него; и Он, полагајќи раце над секого од нив, ги исцелуваше.
41Од мнозина излегуваа бесови со викање, и велеа: – Ти си Христос, Синот Божји. А Он им забрануваше и не им дозволуваше да кажуваат, оти знаат дека е Он Христос.
42Кога се раздени, Он излезе и отиде на осамено место, а луѓето Го бараа, па кога дојдоа при Него, Го задржуваа да не си оди од нив.
43А Он им рече: – И на другите градови треба да им ја објавам радосната вест за царството Божјо, бидејќи за тоа сум испратен.
44И проповедаше по синагогите галилејски.
Крај на понеделникот

S'ha seleccionat:

Лука 4: MK2008

Subratllat

Comparteix

Copia

None

Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió