Матеј 4
4
ГЛАВА 4
(Зачало 7)
1Тогаш#Сабота по Просвештение: Во она време Духот Го одведе Исуса во пустината за да биде искушуван од ѓаволот.
2И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: – Ако си Син Божји, кажи, овие камења да станат лебови.
4А Он му одговори и рече: – Напишано е – „не само од леб ќе живее човек, а и од секој збор што излегува од устата на Бога“.
5Тогаш ѓаволот Го одведе во светиот град и Го постави на стреата од храмот
6и Му рече: – Ако си Син Божји, фрли се долу, зашто е напишано: „На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата на камен“.
7А Исус му рече: – Напишано е, исто така – „не искушувај Го Господа, твојот Бог“.
8Пак Го одведе ѓаволот на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светов и нивната слава,
9и Му рече: – Сите овие ќе Ти ги дадам, ако паднеш и ми се поклониш.
10Но Исус му рече: – Бегај од мене, сатано, зашто е напишано – „на Господа, твојот Бог ќе Му се поклониш и само Нему ќе Му служиш“!
11Тогаш ѓаволот Го остави, и ете, дојдоа ангели и Му служеа.
Крај на саботата на Просвештение
(Зачало 8)
12Акога чу Исус#Недела по Просвештение: Во она време Исус чу дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;
13и, кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,
14за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:
15„Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, оданде Јордан, незнабожечка Галилеја е.
16Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот, и во сенка смртна, им изгреа светлина“.
17Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!
Крај на неделата на Просвештение
(Зачало 9)
18И врвејќи#Недела втора по Педесетница: Во она време, врвејќи Исус покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа, Симона, наречен Петар, и брат му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари,
19и им рече: – Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.
20А тие, пак, веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
21И откако премина отаде, виде други двајца браќа, Јакова Заведеев и брат му Јована, во кораб со Заведеја, татко им, кои си ги крпеа мрежите свои, и ги повика.
22Тие, пак, веднаш го оставија коработ и татка си и тргнаа по Него.
23И одеше Исус по цела Галилеја и кога поучуваше по синагогите, го проповедаше Евангелието на царството и лекуваше секаква болест и слабост кај луѓето.
Крај на неделата
24Па се разнесе глас за Него по цела Сирија; и ги доведоа при Него сите болни, нападнати од различни болести и страданија, и бесомачни, и месечари, и фатени, и Он ги излечи.
(Зачало 10)
25И по Него#Вторник од првата седмица по Педесетница: Во она време по Исуса одеше многу народ од Галилеја и од Десетградието, од Ерусалим и од Јудеја, оданде Јордан.
S'ha seleccionat:
Матеј 4: MK2008
Subratllat
Comparteix
Copia
Vols que els teus subratllats es desin a tots els teus dispositius? Registra't o inicia sessió
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008