Битие 5

5
Родословот на патријарсите од Адама до Ноја.
1Ова е родословот на Адама. Кога Бог го создаде човекот, го создаде според образот Божји.
2Маж и жена ги создаде, и ги благослови, и ги нарече – човек – во денот кога беа создадени.
3Адам поживе двесте и триесет години, кога му се роди син според подобието свое и според образот свој, и му даде име Сит.
4А откако го роди Сита, Адам поживе уште седумстотини години, раѓајќи синови и ќерки.
5И сите денови, што ги поживе Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа тој умре.
6Сит, пак, поживе двесте и пет години и му се роди Енос.
7По раѓањето на Еноса, Сит живееше уште седумстотини и седум години, раѓајќи синови и ќерки;
8така поживе Сит вкупно деветстотини и дванаесет години; и умре.
9Енос, пак, живееше сто и дваесет години, кога му се роди Каинан.
10А откако го роди Каинана, Енос живееше уште седумстотини и петнаесет години, раѓајќи синови и ќерки;
11и така сите денови на Еносовиот живот изнесуваа деветстотини и пет години; потоа тој умре.
12Каинан, пак, поживе сто и седумдесет години и го роди Малелеила;
13а по раѓањето на Малелеила Каинан живееше уште седумстотини и четириесет години, раѓајќи синови и ќерки.
14И така Каинан поживе вкупно деветстотини и десет години; и умре.
15А Мелелеил поживе сто шеесет и пет години, и го роди Јареда.
16По Јаредовото раѓање Малелеил живееше уште седумстотини и триесет години, раѓајќи синови и ќерки.
17А сите денови од животот на Малелеила беа осумстотини деведесет и пет години; потоа тој умре.
18Јаред, пак, поживе сто и шеесет години и го роди Еноха;
19а откако го роди Еноха, Јаред живееше уште осумстотини години, раѓајќи синови и ќерки.
20Сите денови, пак, од животот на Јареда изнесуваа деветстотини шеесет и две години; и умре.
21Енох, откако поживе сто шеесет и пет години, го роди Матусала;
22а по раѓањето на Матусала, Енох одеше според волјата Божја двесте години, раѓајќи синови и ќерки.
23А сите денови од Еноховиот живот изнесуваа триста шеесет и пет години.
24И Енох, живеејќи според волјата Божја, исчезна, бидејќи Бог го зеде.
25Матусал, пак, поживе сто осумдесет и осум години, и го роди Ламеха;
26па, откако го роди Ламеха, Матусал живееше уште седумстотини осумдесет и две години, раѓајќи синови и ќерки;
27а сите денови од животот на Матусала беа деветстотини шеесет и девет години; потоа умре.
28Ламех, пак, откако поживе сто осумдесет и две години, доби син.
29и го нарече Ное, велејќи: овој ќе нѐ утеши во работите наши и во трудот на рацете наши на земјата, што Господ Бог ја проколна.
30А откако се роди Ное, Ламех поживе уште петстотини шеесет и девет години, раѓајќи синови и ќерки.
31Така поживе Ламех вкупно седумстотини педесет и три години; и умре.
32Ное имаше петстотини години, кога ги роди трите сина: Сима, Хама и Јафета.

انتخاب شده:

Битие 5: MK1990

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید