Матеј 3
3
ГЛАВА 3
(Зачало 5)
1Во тие дни#Сабота пред Просвештение: Во она време Ова и на првиот час спроти Богојавление. дојде Јован Крстител и проповедаше во пустината Јудејска,
2и говореше: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!
3Оти, овој е за кого рекол пророкот Исаија, велејќи: „Гласот на оној што вика во пустината: – Подгответе го патот Господов и исправете ги патеките Негови“.
4А самиот Јован имаше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, а храната му се состоеше од скакулци и див мед.
5Тогаш, од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот крај јордански доаѓаа при него
6и се крштеваа од него во Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
7А штом виде Јован дека при него идат мнозина фарисеи и садукеи, за да се крстат, им рече: – Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што иде?
8Направете, пак, плод достоен за покајание
9и немојте да говорите во себе: Наш татко е Авраам, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да издигне чеда на Авраама,
10и секирата лежи веќе при коренот од дрвото: зашто секое дрво што не дава добар плод се сече и се фрла во оган.
11Јас ве крштевам со вода за покајание, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.
Крај на саботата и на првиот час
12Лопатата е во рацете Негови и Тој ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.
(Зачало 6)
13Тогаш#На литургијата на Богојавление: Во она време, Ова и на деветтиот час спроти Богојавление. дојде Исус од Галилеја на Јордан при Јована, за да се крсти од него.
14А Јован Го запираше, говорејќи: – Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли идеш?
15Но Исус му одговори и рече: – Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда. Тогаш Го остави.
16И штом се крсти, Исус веднаш излезе од водата и Му се отворија небесата, и Го виде Духот Божји да слегува како гулаб и да се спушта над Него.
17И ете, глас од небесата говореше: – Овој е Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја.
Крај на Богојавление и на деветтиот час
Tällä hetkellä valittuna:
Матеј 3: MK2008
Korostus
Jaa
Kopioi
Haluatko, että korostuksesi tallennetaan kaikille laitteillesi? Rekisteröidy tai kirjaudu sisään
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008