Псалми 35

35
ПСАЛМ 35
Човековата расипаност и Божјата добрина
1За крајот, на Давид, слугата Господов.
2 # Рим 3,18 Беззаконикот самиот себеси си вели – греши,
нема страв Божји пред очите негови,
3 # 9,35; 16,3; 1 Мојс 44,16; 1 Цар 29,3.6; Ос 12,9 зашто тој лажеше пред Него,
наместо да го увиди и да го намрази беззаконието свое;
4зборовите на устата негова се не­правда и измама;
тој не сакаше да се вра­зуми и да прави добро;
5на леглото свое тој смисли беззаконие,
се појавуваше на секој лукав пат,
од злото не се згнаси.
6 # 56,10; Ефес 3,18-19 Господи, на небото е милоста Твоја
и вистината Твоја е дури до облаците!
7Твојата праведност е како горите Божји,
а судовите Твои како голема бездна!
Луѓе и добиток – Ти ќе спасиш, Господи!
8 # 16,8; 90,4 Колку си ја умножил милоста Твоја, Боже;
под заштитата на Твоите крилја,
синовите човечки надеж ќе најдат;
9 # 22,5; 62,5 ќе бидат опиени од изобилието на домот Твој,
и од потокот на сладоста Твоја ќе ги напојуваш;
10 # 55,13; 88,15 зашто во Тебе е изворот на животот;
во Твојата светлина ќе видиме светлина.
11Продолжи ја милоста Своја кон оние што Те познаваат
и праведноста Своја кон чесните по срце.
12Нека не ме згазне ногата горделива,
и раката на грешните да не ме поколеба.
13Таму паднаа сите што вршат беззаконие;
беа турнати и не можат веќе да станат.

वर्तमान में चयनित:

Псалми 35: MAK2024PS

हाइलाइट

शेयर

कॉपी

None

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in