Псалми 13

13
ПСАЛМ 13
Воздишки за помош од Господ
1За крајот: псалм на Давид.
Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“.
Тие се расипаа и се изгнасија во своите постапки;
нема кој да прави добро, не остана ниту еден.
2Господ од небото се наведна над синовите човечки
да види дали има некој што Го разбира или Го бара Бога.
3Сите застранија, заедно се расипаа;
нема кој да прави добро, не остана ниту еден.
Гроб отворен е грлото нивно,
со јазиците свои прелажуваат,
отров аспидин има под усните нивни,
а устата им е полна со клевети и горчини;
брзи се нозете нивни за крв да пролеат,
пустошот и страдањето се на патиштата нивни,
а патот на мирот не го знаат.
Нема страв Божји пред очите нивни.
4Зар нема да се вразумат сите кои вршат беззаконие,
кои како леб го јадат народот мој,
а Господа не Го повикуваат?
5Кукавички се ужаснаа таму каде што немаше страв,
зашто Бог е со ро­дот на праведните.
6Соборот на бедниот го посрамивте,
но Господ е надежта негова.
7Кој ќе го даде од Сион спасението на Израил?
Кога Господ ќе го врати од ропство Својот народ,
нека се зарадува Јаков и нека се развесели Израил.

ハイライト

シェア

コピー

None

すべてのデバイスで、ハイライト箇所を保存したいですか? サインアップまたはサインインしてください。