Псалми 15

15
ПСАЛМ 15
Добро наследство на светиите
1 # 30,1 Натпис на столб на Давид.
Сочувај ме, Господи,
зашто на Тебе се надевав.
2Му реков на Господа:
„Ти си мојот Господ,
зашто немаш потреба од добрата мои“.
3Во светиите што се на земјата Негова
чудесно ги пројави сите копнежи Свои.
4 # 2 Мојс 23,13; Ер 7,18; Ос 1,2-9; Зах 13,2 Се намножија нивните немоќи,
а потоа тие брзо исчезнаа.
Нема да ги свикувам нивните крвни собири,
ниту ќе ги спомнувам имињата нивни со усните мои.
5 # 10,6; 72,26; 108,31; 141,5; 4 Мојс 18,20; 5 Мојс 10,9; 17,1; Ер 10,16; Плач 3,24; Дела 2,25-28 Господ е делот од наследството мое и од чашата моја;
Ти си Тој што го воспоставува наследството мое.
6Меѓите ми се паднаа на најубавото
и наследството мое е најубаво.
7Ќе Го благословувам Господа, Кој ме вразуми,
и сѐ до ноќта мојата утробата ме поучува.
8Го гледав Господа пред мене постојано,
зашто Тој ми е оддесно, за да не се поколебам.
9Затоа се развесели срцето мое и се зарадува јазикот мој,
па дури и телото мое ќе се насели во надеж.
10 # Дела 13,35 Зашто нема да ја оставиш душата моја во адот,
ниту ќе дозволиш Твојот светија да види распаѓање.
11 # Изреки 5,6; 14,24 Ми ги покажа патиштата на животот,
ќе ме исполниш со радост од лицето Свое;
насладите се во десницата Твоја до самиот крај.

ハイライト

シェア

コピー

None

すべてのデバイスで、ハイライト箇所を保存したいですか? サインアップまたはサインインしてください。