Лука 12

12
Јавно исповедање на Синот Човечки
(Мт 10,26-33)
1 # Мт 16,6; Мк 8,15; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9 Меѓутоа, кога се насобраа илјадни­ци луѓе – така што се газеа еден со друг, Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од квасот фарисејски, што е лицеме­рие. 2#8,17; Мк 4,22; Ефес 5,13Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту пак тајно што не ќе се дознае. 3Затоа, што сте рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и што сте ше­по­теле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите. 4#Јн 15,14-15А вам, на Моите пријатели, ви ве­лам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат. 5#1,50; 23,40; Мт 3,12; 18,8-9; Евр 10,31; Јк 4,12Ќе ви покажам од кого да се пла­шите: плашете се од Оној Кој, откако убие, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се! 6Зар не се продаваат пет врапчиња за две парички#12,6 Во оригиналниот текст стои: за два асарија, а 1 асариј е 1/16 од римскиот денар.? И ниедно од нив Бог не го заборава. 7#12,24; 21,18; Мт 12,12; 28,5; Дела 27,34А вам, и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се: од многу врапчиња вие сте поскапи. 8#Мт 8,20; Откр 3,5Ви велам: секој што Ме признава Мене пред луѓето, и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели. 9#9,26; Мк 8,38; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред лу­ѓето, тој ќе биде одречен пред Божјите ангели. 10#23,34; Мт 9,3; Мк 2,7; 3,22.28-29; Дела 3,17На секој што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости. 11#21,12-15; Дела 5,32А кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата и властите, не гри­жете се како ќе одговорите, или што ќе кажете; 12#Јн 14,26; Дела 4,8; 7,55зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“
За земното богатство
13Некој од народот Му рече: „Учи­те­ле, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“ 14#2 Мојс 2,14; Дела 7,27.35А Тој му рече: „Човеку, кој Ме пос­тави да ви судам или да ве делам?“ 15#1 Тим 6,9-10 Потоа им кажа: „Внимавајте! Чу­вај­те се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на не­го­виот имот.“
Парабола за алчниот богат човек
16И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу. 17И размислуваше во себе, велејќи: ‚Што да направам? Не­мам во што да ги соберам плодовите свои.‘ 18Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам житниците свои и ќе соѕидам по­го­леми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, 19#Изреки 27,1; Сир 11,19; 1 Кор 15,32; Јк 4,13-15и ќе ѝ речам на душата своја: ‚Ду­шо, имаш многу добра, насобрани за многу години; почивај, јади, пиј и ве­сели се!‘ 20#Пс 38,6; Проп 2,17-23; 6,2Но Бог му рече: ‚Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат душата твоја; тоа што си го приготвил, чие ќе биде?‘ 21#12,33; 18,22; Откр 3,17-18Така се случува со оној што собира богатство за себе, а не се богати во Бо­га.“
Имај доверба во Бога!
(Мт 6,25-34)
22 # Дела 4,34-35 И им рече на учениците Свои: „За­тоа ви велам: не грижете се за душата своја што ќе јадете, ниту за телото свое што ќе облечете. 23#3,11; Мт 5,3Зашто душата е многу поскапа од храната, и телото – од облеката. 24#12,7; Пс 146,9; Јов 38,41; Мт 10,31Погледајте ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривници, ниту житници и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците? 25А кој од вас, ако се грижи, може да му додаде еден лакт на својот раст? 26#16,10; 19,17И така, ако ниту најмалото нешто не можете да го направите, зошто се гри­жите за друго? 27#3 Цар 10,4-7Погледајте ги криновите како растат! Ниту се трудат, ниту предат; но ви велам дека ниту Соломон, во сета своја слава, не се облече така, како еден од нив. 28Ако, пак, тревата во полето, која денес ја има, а утре се фрла во оган, Бог така ја облекува, тогаш колку повеќе ќе ве облекува вас, маловерни! 29Па затоа и вие, не барајте што ќе ја­дете или што ќе пиете; и не се за­гри­жу­вајте! 30#Мт 6,8Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно. 31#Кол 3,1Но барајте го царството Божјо, и сето тоа ќе ви биде придодадено!
Ризниците на Небото
(Мт 6,19-21)
32 # Ис 40,11; 49,9-10; Ез 34; Дан 7,27; Мк 14,27; 16,6; Јн 10,1-16.27; 21,15-17 Не плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството. 33#Мт 19,21Продајте си ги имотите ваши и да­вајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпна ризница на небо­то, каде крадец не се прибли­жува и кое молец не го јаде; 34зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.
За слугите што секогаш бдеат
(Мт 24,43-44)
35 # 2 Мојс 12,11; 3 Цар 18,46; 4 Цар 4,29; Ис 32,11; Ер 1,17; Јов 38,3; Изреки 31,17; Мт 25,1.7; Ефес 6,14; 1 Птр 1,13 Нека ви биде половината пре­па­ша­на и светилата – запалени! 36#Мт 25,6; Мк 13,35-37Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се вра­ти од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука. 37#17,7-8; 21,36; 22,27; Мт 5,3; Јн 13,4-5Блазе на оние слуги што ќе ги за­те­че господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи. 38А ако дојде и на втора или на трета ноќна стража, и ги затекне така, блазе на тие слуги! 39#Мт 24,43-44; 1 Сол 5,2; 2 Птр 3,10Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би доз­волил да му ја поткопаат куќата. 40#Мт 10,23Затоа и вие, бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“
За верниот и неверниот слуга
(Мт 24,45-51)
41А Петар Му рече: „Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола, или за си­те?“ 42#16,1.3.8; Пс 103,27; 1 Кор 4,1-2Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и разборит настојник, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им ја дава потребната храна навре­ме? 43#6,20Блазе на тој слуга, чиј господар, ко­га ќе дојде, ќе го затекне така да пос­та­пува! 44#Мт 25,21.23Вистина ви велам дека тој ќе го пос­тави него над целиот свој имот. 45Ако, пак, тој слуга си рече во срцето свое: ‚Нема скоро да дојде мојот гос­подар!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опи­ва, 46господарот на тој слуга ќе дојде во ден во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го расече на две и ќе му дадел удел со неверните. 47#4 Мојс 15,27-30; 5 Мојс 25,2-3#Мт 6,10; Јк 4,17 А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. 48Кој, пак, не знаел и направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. Кому му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
Зошто е дојден Исус?
(Мт 10,34-36)
49 # Ис 66,15-16; Мал 3,19; Мт 3,11; Дела 2,3.19 Јас дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел. 50#9,22; Мк 10,38-39; 2 Птр 3,6-7Со крштевање треба да се крстам и колку Ми е мачно додека не се сврши тоа. 51#1,79; 2,14; Ер 6,14; Ез 13,10.16Мислите ли дека сум дошол да да­дам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност. 52#2,34Зашто отсега, пет члена во една ис­та куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца. 53#21,16; Мих 7,6; Агеј 2,22; Мал 3,24 Ќе се разделат татко против син и син против татко; мајка против ќерка и ќерка против мајка; свекрва против снаата своја и снаа против свекрвата своја.“
Разбирање на сегашното време
(Мт 16,2-3)
54А на народот му рече: „Кога гледа­те дека се крева облак од запад, тогаш велите: ‚Ќе врне дожд!‘ И тоа се слу­чу­ва. 55А кога дува јужниот ветар, велите: ‚Ќе биде горештина!‘ Па така и бива. 56Лицемери, знаете како да го распо­зна­вате лицето на небото и земјата, зошто ова време не умеете да го рас­поз­навате?
Спогоди се со својот обвинител!
(Мт 5,25-26)
57Зошто тогаш сами од себе не судите што е праведно? 58Кога одиш со противникот пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и тој да те фрли в затвор. 59Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната па­ра.“

Šiuo metu pasirinkta:

Лука 12: MK2006D

Paryškinti

Dalintis

Kopijuoti

None

Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės