Лука 11

11
Исус и молитвата
(Мт 6,9-13)
1 # 3,21; Мт 14,23 Еднаш беше Тој на едно место и се молеше. Кога престана, еден од Неговите ученици Му рече: „Госпо­ди, научи нѐ да се молиме, како што ги научи Јован учениците свои.“ 2#23,34.46А Тој им рече: „Кога се молите, го­ворете: ‚Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на не­бото, така и на земјата, 3#Изреки 30,8лебот наш насушен давај ни го секој ден; 4#Сир 33,1; Мт 18,24-27.35; 26,28.41; Мк 11,25и прости ни ги нашите гревови, заш­то и ние самите му ги проштеваме на секој наш должник; и не воведувај нѐ во искушение, но избави нѐ од лукавиот!‘“
Парабола за пријателот
5И им рече: „Ако некој од вас има пријател и отиде при него на полноќ, па му каже: ‚Пријателе, дај ми на заем три леба; 6зашто ми дојде еден пријател од пат и немам што да му принесам.‘ 7И ако оној одвнатре му одговори и рече: ‚Не ме обеспокојувај; портата е ве­ќе затворена и децата се со мене во постела; не можам да станам да ти да­дам‘, 8#18,5ви велам дека, макар и да не стане да му даде затоа што му е пријател, сепак ќе стане заради неговата настојчивост и ќе му даде колку што му треба.
Секој што ќе побара ќе му биде дадено
(Мт 7,7-11)
9 # Ер 29,12-13 # Мк 11,24; Јн 14,13; 15,7; 16,24; Јк 1,5-7; 1 Јн 5,14-15 И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори. 10Зашто секој што моли – добива, а кој бара – наоѓа, и на оној што чука – ќе му се отвори. 11И кој татко меѓу вас, ако синот му побара леб, ќе му даде камен? Или ако побара риба, ќе му даде змија место ри­ба? 12Или, ако побара јајце, ќе му даде скорпија? 13Па така, значи, ако вие, кои сте ло­ши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат?“
Исус се брани од обвинувањето
(Мт 9,32-34; 12,22-30; Мк 3,20-27)
14Еднаш истера Тој еден демон, кој беше нем, и кога демонот излезе, не­миот проговори; и народот се восхити. 15#Мт 9,34; 10,25Тогаш некои од нив рекоа: „Тој ги изгонува демоните преку Велзевул, началникот на демоните.“ 16#20,4; Мт 16,1-4; 12,38; Мк 8,11; Јн 2,18; 1 Кор 1,22А други, искушувајќи Го, Му бараа знак од небото. 17Но Тој, знаејќи ги нивните помисли им рече: „Секое царство ако е поделено само против себе, запустува, и дом кој е поделен сам против себе, пропаѓа. 18И, ако и сатаната се поделил сам против себе, како ќе се одржи царството негово? Зашто велите дека Јас со Велзевул ги истерувам злите духови. 19И, ако Јас, пак, со Велзевул ги ис­те­рувам злите духови, тогаш синовите ва­ши со кого ги истеруваат? Затоа, тие ќе ви бидат судии. 20#17,21; 2 Мојс 8,20; Пс 8,3Ако Јас, пак, со прст Божји ги из­го­нувам демоните, тоа значи дека до вас дошло царството Божјо. 21#Ис 49,24Кога силен, вооружен човек, го чу­ва својот двор, тогаш имотот негов е во безопасност. 22#3,16; Ис 49,25; 53,12Но, кога ќе дојде некој посилен од него и го надвладее, тој ќе му го земе сето оружје негово, на кое се надевал, и ограбеното од него ќе го раздаде. 23#9,50; Мт 12,30; Мк 9,40Кој не е со Мене, тој е против Ме­не; и кој не собира со Мене, тој растура.
Враќање на лошиот дух
(Мт 12,43-45)
24 # 8,29 Кога нечист дух ќе излезе од чо­ве­ка, тој оди преку безводни места и бара спокојство; и не наоѓајќи, вели: ‚Ќе се вратам во домот свој, од каде што излегов.‘ 25Па, штом дојде, го наоѓа изметен и среден. 26#8,2; Јн 5,14; 2 Птр 2,20Тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и кога ќе вле­зат, живеат таму; и последната состојба на тој човек ќе му биде полоша од првата.“
За вистинското блаженство
27 # 1,31.42.48; Мт 5,3; Јн 13,17; 14,23; Јк 1,25 И додека го зборуваше тоа, една жена извика од народот и Му рече: „Блажена е утробата што Те носела, и градите од кои си се хранел!“ 28#8,21; 5 Мојс 30,14; Јн 15,14; Откр 1,3А Тој рече: „Навистина, ­бла­же­ни се оние што го слушаат словото Божјо и го чуваат.“
Знакот на Синот Човечки
(Мт 12,38-42)
29 # 7,22; Јона 3,4-5; Мт 16,4; 1 Кор 1,22 А на народот, што се собираше, почна да му зборува: „Овој род е зол род; бара знак, но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона; 30#Мт 8,20зашто, како што Јона беше знак за Ниневјаните, така и Синот Човечки ќе биде за овој род. 31#2,40.52; 21,15; 3 Цар 3; 5,9-14; 10,1-10; 2 Лет 9,1-12 Јужната царица ќе стане на Су­дот со луѓето од овој род и ќе ги осуди, зашто таа дојде од крај земја да ја чуе мудроста на Соломон; а ете, тука е поголем од Соломон. 32#3,3; Јона 3,5.8.10И Ниневјаните ќе станат на Судот со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа на проповедта на Јона; а ете, тука е поголем од Јона.
Светило на телото
(Мт 5,15; 6,22-23)
33 # 8,16; Мк 4,21 Никој, пак, не става запалено светило на сокриено место, ниту под покло­пец, туку на свеќник, за да можат да ја гледаат светлината оние што влегуваат. 34Твоето око е светило на твоето те­ло. Ако твоето око е здраво, и целото твое тело ќе биде светло; а ако биде лошо, и твоето тело ќе биде тем­но; 35затоа внимавај светлината што е во тебе да не е темнина. 36Ако, пак, целото твое тело е светло и нема ниеден темен дел, тогаш тоа ќе биде така светло, како кога светило те осветлува со својот сјај.“
Исус ги обвинува фарисеите и познавачите на законот
(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)
37 # 7,36; 14,1 И кога зборуваше Тој, еден фарисеј Го помоли да руча кај Него. Тој влезе и седна на трпеза. 38#Мт 15,2; Мк 7,2.5И фарисејот се зачуди кога виде де­ка Тој не си ги изми рацете пред јадење. 39#Кол 2,21Но Господ му рече: „Ете, вие фари­се­ите ја миете чашата и чинијата однад­вор, а внатрешноста ви е полна со гра­беж и лукавство. 40Безумници! Оној што го направи надворешното, нели е истиот тој што го направи и внатрешното? 41#6,30; 12,33; 16,9; 21,1-4; Тов 12,9; Дела 9,36; 10,2.4.31; Тит 1,15Но, давајте милостина од она што е внатре, тогаш сѐ ќе ви биде чис­то. 42#3 Мојс 27,30; 5 Мојс 14,22-23; Мих 6,8; Мт 23,23-24; Јн 5,42Но тешко вам, фарисеи, зашто да­вате десеток од нане и рута, и од се­ка­ков зеленчук, а ги занемарувате правдата и љубовта Божја; ова требаше да го правите, но и она да не го про­пуш­тите. 43#20,46Тешко вам, фарисеи! Зашто сакате да сте на првите места во синагогите и да ве поздравуваат по плоштадите! 44Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери, зашто сте како сокриени гро­бови, преку кои луѓето одат, а не ги зна­ат.“ 45#7,30Одговори некој од закониците и Му рече: „Учителе, кога го говориш тоа, Ти и нас нѐ навредуваш.“ 46#Мт 11,28Но Тој рече: „Тешко вам, законици, што ги товарите лу­ѓе­то со товари што не можат да ги под­несат, а вие сами ни со еден прст не се допирате до тие товари. 47Тешко вам, што им ѕидате гробници на пророците, а нив ги убија вашите татковци; 48Вие со тоа сведочите за делата на своите татковци и ги одобрувате, би­деј­ќи тие ги убија, а вие им ѕидате гробници. 49#6,23; 7,35; 1 Кор 1,24; Кол 2,3Затоа и мудроста Божја рече: ‚Ќе им пратам пророци и апостоли, и од нив едните ќе ги убијат, а другите ќе ги про­гонат‘; 50#1 Мојс 9,5; 42,22; 2 Цар 4,11; 4 Цар 9,7; Ез 33,6.8за да се побара од овој род крвта на сите пророци, пролеана од постанокот на светот; 51#1 Мојс 4,8.10; Зах 1,1; 2 Лет 24,20-21од крвта на Авел па сѐ до крвта на Захарија, кој е убиен меѓу жртвеникот и храмот. Да, ви велам, ќе се побара од овој род. 52#Мт 23,13Тешко вам, законици, заш­то го зедовте клучот на познанието; сами не влеговте, а и на оние што сакат да вле­зат им попречивте.“ 53А кога го зборуваше тоа, книж­ни­ците и фарисеите почнаа жестоко да Го напаѓаат и да навалуваат со разни пра­шања; 54#20,20; Мт 16,1Го демнеа, сакајќи да уловат неш­то од Неговата уста за да Го обвинат.

Šiuo metu pasirinkta:

Лука 11: MK2006D

Paryškinti

Dalintis

Kopijuoti

None

Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės