Лука 10

10
Исус испраќа седумдесет ученици
(Мт 9,37-38; 10,7-16; Мк 6,8-11; Лк 9,3-5)
1 # 9,1-2; Мт 10,7-16; Мк 6,7-11 Потоа Господ назначи и други седумдесет и ги испрати пред Себе по двајца во секој град и мес­то, ка­де што и Сам сакаше да оди, 2#Ис 41,15-16; Мт 3,12; 9,37-38; Јн 4,35.38и им рече: „Жетвата е голема, а ра­ботниците се малку; затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати ра­ботници за жетвата Своја. 3Одете! Ете, Јас ве испраќам како јагненца среде волци. 4#4 Цар 4,29Не носете со себе ниту ќесе, ниту торба, ниту обувки и никого патем не поздра­вувајте! 5#1,79; 1 Цар 25,6И во секоја куќа во која ќе влезете, прво кажете: ‚Мир во овој дом!‘ 6#Ер 6,12-14Па, ако биде таму синот на мирот, вашиот мир ќе почива на него; инаку, тој ќе се врати во вас; 7#5 Мојс 24,14-15; Мт 10,10; 1 Кор 9,6-18; 2 Кор 11,7-9; 1 Тим 5,18и во таа куќа останете, јадете и пијте што ќе ви дадат; зашто работникот ја заслужува својата награда. Не премес­ту­вајте се од куќа в куќа. 8#1 Кор 10,27И во секој град во кој ќе влезете, и ќе ве примат, јадете што ќе ви се принесе; 9#11,20; 17,21; Мт 4,17лекувајте ги болните што се во него и говорете им: ‚Се приближи до вас царството Божјо.‘ 10А во кој, пак, град влезете и не ве примат, излезете по улиците негови и кажете: 11#9,5; Дела 13,51‚И правот од вашиот град што се прилепил на нас, ви го истресуваме; но знајте го тоа, дека се приближи цар­ството Божјо.‘ 12#1 Мојс 19,24; Мт 10,15; Јуда 1,7Ви велам дека во оној ден на Содом ќе му биде полесно, отколку на тој град.“ 13#Ис 23; Ез 26–28; Амос 1,9-10; Зах 9,2-4; Мт 11,21„Тешко тебе, Хоразине! Тешко те­бе, Витсаидо! Зашто, ако во Тир и Си­дон се случеа чудата што се случија кај вас, тие одамна, седејќи во вреќи и пе­пел, ќе се беа покајале. 14Но на Тир и Сидон ќе им биде по­лесно на Судот, отколку вам. 15#Ис 14,13-15; Мт 4,13И ти, Капернауме, кој си се издигнал до небото, до адот ќе бидеш симнат. 16#Мт 10,40; 18,5; Јн 5,23; 13,20; 15,23; 1 Сол 4,8Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од мене се от­ка­жува; а кој се откажува од Мене, се от­кажува од Оној што Ме пратил.“
Седумдесетте се враќаат
17 # Мк 6,30; Дела 3,16 Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и демоните ни се по­ко­ру­ваат.“ 18#Ис 14,12; Јн 12,31; Откр 12,8-9А Тој им рече: „Го видов сатаната како падна од небото како молња! 19#1 Мојс 3,15; Пс 90,13; Мк 16,18Еве, ви давам власт да газите на змии и скорпии, и власт над секоја не­пријателска сила; и ништо нема да ви наштети; 20#2 Мојс 32,32; Ис 4,3; Пс 68,28; Дан 12,1; Мт 7,22; Фил 4,3; Откр 3,5; 21,27но не радувајте се на тоа што ду­хо­вите ви се покоруваат, туку радувајте се што вашите имиња се напишани на не­бесата.“
Исус се радува
(Мт 11,25-27; 13,16-17)
21 # 4,1; Ис 29,14 Во тој час се зарадува Исус во Духот и рече: „Те прославувам, Оче, Гос­поди на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а си им го открил на малечките. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја.“ 22#Мт 28,18; Јн 3,35; 10,15; 13,3Па, откако се сврте кон учениците, им рече: „Сѐ Ми предаде Мојот Отец; и кој е Синот не знае никој, освен Отецот; и кој е Отецот, не знае никој, освен Си­нот, и – оној кому што сака Синот да му открие.“ 23#Мт 5,3И откако се сврте кон уче­ни­ците насамо им рече: „Блажени се очите, кои го гледаат ова што го гледате вие. 24#Рим 16,24; 1 Птр 1,10-12Зашто ви велам: многу пророци и цареви сакаа да видат што гледате вие, и не видоа; и да чујат што слушате вие, и не чуја.“
Љубовта е пат до вечниот живот
(Мт 22,34-40; Мк 12,28-31)
25 # 3,10; 11,16; 18,18; Мт 16,1; Мк 10,2; Дела 2,37 И ете, стана еден законик, искушу­вајќи Го, рече: „Учителе, што треба да направам за да наследам живот вечен?“ 26А Тој му рече: „Што е напишано во Законот? Како читаш?“ 27#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 10,12; Ис.Н. 22,5; Мт 5,43; 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14Тој одговори и рече: „Возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сета своја сила и со сиот свој разум; и својот ближен како себе си!“ 28#3 Мојс 18,5; Рим 10,5; Гал 3,12Му кажа пак: „Добро одговори; тоа прави го и ќе живееш.“
Кој е мојот ближен? Парабола за милостивиот Самарјанин
29Но тој, сакајќи да се оправда, Му рече на Исус: „А кој е мој ближен?“ 30Исус му одговори и рече: „Еден чо­век, додека слегуваше од Ерусалим во Ерихон, западна меѓу разбојници. Тие го соблекоа и го претепаа, и си отидоа, оставајќи го полумртов. 31Случајно во тоа време слегуваше по тој пат еден свештеник и, кога го виде, го одмина. 32Исто така и еден левит, кога дојде на тоа место, погледна и го одмина. 33#9,52Еден, пак, Самарјанин, кој патува­ше, кога дојде до него, го виде и се со­жали. 34#2 Лет 28,15И откако пријде, му ги преврза раните, полевајќи ги со масло и со вино. Потоа го качи на добитокот свој, го од­несе во гостилница и се погрижи за не­го. 35А утредента, на кинисување, извади два денарија, му ги даде на гостил­ни­ча­рот и му рече: ‚Погрижи се за него; а ако потрошиш нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.‘ 36Кој, пак, од тие тројца ти се чини дека му беше ближен на оној, што пад­на во рацете на разбојниците?“ 37#Мт 7,21А тој одговори: „Оној што му ис­ка­жа милосрдие.“ Исус му рече: „Оди и ти прави така!“
Исус кај Марија и Марта
38 # Јн 11,1; 12,2-3 И додека патуваа, Тој влезе во едно село; една жена, по име Марта, Го при­ми во својот дом. 39#8,35; 5 Мојс 33,3А таа имаше сестра што се викаше Марија. Таа седна до нозете Господови и го слушаше словото Негово. 40#8,3; 1 Кор 7,35Марта беше многу зафатена околу служењето и, кога пријде, Му рече: „Гос­поди, зар не ти е грижа што сестра ми ме остави да служам сама? Кажи ѝ да ми помогне.“ 41А Исус ѝ одговори и рече: „Марто, Марто, ти се грижиш и се вознемируваш за многу работи. 42#12,31; Мт 6,34; Јн 6,27; Дела 6,2Но само едно е потребно. Марија, пак, го избра добриот дел, кој нема да ѝ се од­земе.“

Šiuo metu pasirinkta:

Лука 10: MK2006D

Paryškinti

Dalintis

Kopijuoti

None

Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės