Марко 15
15
Исус пред Пилат
(Мт 27,1-2.11-26; Лк 23,1-5.13-25; Јн 18,28–19,16)
1 #
11,27; Лк 22,66 И веднаш утредента одржаа состаник првосвештениците, со старешините и книжниците, и целиот Синедрион, па Го врзаа Исус, Го одведоа и Го предадоа на Пилат. 2#Мт 2,2; 21,5А Пилат Го праша: „Ти ли си Царот Јудејски?“ Тој одговори и рече: „Ти велиш.“ 3И првосвештениците Го обвинуваа многу. Но, Тој не одговараше ништо. 4А Пилат пак Го праша, велејќи: „Ништо ли не одговараш? Гледаш колку Те обвинуваат!“ 5#14,60-61; Ис 53,7; Лк 23,9; Јн 19,9; Дела 8,32Но Исус ништо повеќе не одговори, така што Пилат се воодушевуваше. 6А на секој Празник им ослободуваше по еден осуденик, кого што ќе го побараа. 7#Лк 23,19.25И имаше некој, по име Варава, во окови заедно со придружниците, што во една буна извршиле убиство. 8И кога извика народот, почна да го моли Пилат да им го направи она, што секогаш го правеше. 9А тој им одговори и рече: „Сакате ли да ви Го пуштам Јудејскиот Цар?“ 10Зашто знаеше дека првосвештениците Го беа предале од завист. 11#Дела 3,14Но првосвештениците го наговорија народот да бара да им го пушти Варава. 12Пилат пак им одговори и рече: „Што сакате да направам со Оној, што Го нарекувате Цар Јудејски?“ 13#Дела 3,13; 13,28Тие одново извикаа, велејќи: „Распни Го!“ 14#Лк 23,41Пилат им рече: „Какво зло направил?“ Но тие уште посилно извикаа: „Распни Го!“ 15#Дела 5,40Тогаш Пилат, сакајќи да му угоди на народот, им го пушти Варава, а Исуса Го камшикуваше и Го предаде да Го распнат.
Исусовите понижувања
(Мт 27,27-31; Јн 19,2-3)
16Војниците, пак, Го одведоа внатре во дворот, односно во преторијата, и повикаа цела чета, 17#10,34; Пс 21,7; 43,14па Му облекоа багреница, и откако сплетоа трнов венец, Му го кладоа на главата; 18#Мт 2,2и почнаа да Го поздравуваат: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ 19#Мих 5,1И Го удираа по главата со трска и плукаа на Него, Му се поклонуваа, паѓајќи на колена. 20А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа багреницата, Му ја облекоа Неговата облека и Го поведоа да Го распнат.
Исусовото распнување
(Мт 27,32-44; Лк 23,26-43; Јн 19,17-27)
21 #
Рим 16,13
И го натераа еден минувач, некој си Симон Киринеец, таткото на Александар и на Руф, кој се враќаше од поле, да Му го носи крстот. 22#Јн 19,17; Евр 13,12Па Го доведоа на местото Голгота, што значи: место на черепи. 23#Пс 68,21; Изреки 31,6И Му дадоа да пие вино со смирна, но Тој не зеде. 24#Пс 21,19; Јн 19,24И откако Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка за нив, кој што да земе. 25#Мт 27,45Беше третиот#15,25 Околу 9 часот. час, и Го распнаа. 26И имаше натпис за вината Негова: „Цар Јудејски.“ 27#10,37; 14,48А со Него распнаа и два разбојника, едниот од десната, а другиот од левата Негова страна. 28#Ис 53,12; Лк 22,37И се исполни Писмото, кое вели: „И меѓу беззаконици Го ставија.“ 29#14,58; Пс 21,7; 108,25; Јов 16,4; Плач 2,15; Мт 26,61; Јн 2,19; Дела 6,14А минувачите, вртејќи глава, Го хулеа и велеа: „Аха! Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, 30спаси се Себеси и слези од крстот!“ 31Исто така и првосвештениците со книжниците Му се смееја и велеа: „Другите ги спасуваше, а Себе не може да се спаси! 32#Лк 23,39-43; Јн 6,30Христос, Царот израилев, нека слезе сега од крстот, па да видиме и да поверуваме!“ Го хулеа и распнатите со Него.
Исусовата смрт
(Мт 27,45-46; Лк 23,44-49; Јн 19,28-30)
33 #
2 Мојс 10,22; Ис 13,10; Амос 8,9 А во шестиот час#15,33 Околу 12 часот. настана темнина по целата земја, до деветтиот час. 34#Пс 21,2; Мт 27,46И во деветтиот час Исус извика со силен глас: „Елои, Елои, Лама савахтани?“ А тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“ 35#9,11-13; Мт 11,14Некои од оние, што стоеја таму, штом го чуја тоа, рекоа: „Ете, го вика Илија!“ 36#15,23; Пс 68,21; Мт 27,34; Лк 23,36А еден отрча, натопи сунѓер во оцет, па како го закачи на трска, Му даваше да пие, велејќи: „Почекајте да видиме, ќе дојде ли Илија да Го симне.“ 37А Исус испушти силен глас и издивна. 38#2 Мојс 26,31-37; Евр 6,19; 9,3.6-12; 10,19-20И завесата на храмот се расцепи на две, одозгора додолу. 39#Мт 4,3; 14,33; Јн 1,49; Дела 9,20А стотникот, што стоеше спроти Него, кога виде дека Тој, откако извика така и издивна, рече: „Навистина Овој Човек бил Син Божји!“ 40#15,47; 16,1; Лк 8,2; 24,10Имаше и жени што гледаа оддалеку; меѓу нив беше и Марија Магдалена, и Марија, мајката на Јаков Малиот и на Јосија, и Саломија, 41кои и тогаш, кога Тој беше во Галилеја, врвеа по Него и Му служеа, и многу други што беа дошле со Него во Ерусалим.
Исусовото погребување
(Мт 27,57-61; Лк 23,50-56; Јн 19,38-42)
42 #
Мт 27,62
А кога се стемни веќе, бидејќи беше петок, односно ден спроти сабота, 43#Лк 2,25.38дојде Јосиф од Ариматеја, угледен советник, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели да влезе кај Пилат и го замоли за телото Исусово. 44Пилат се зачуди дека Тој веќе умрел; и откако го повика стотникот, го праша дали одамна умрел. 45Па штом дозна од стотникот, му го даде телото на Јосиф. 46#Дела 13,29А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа и навали камен на гробната врата. 47#15,40; 16,1А Марија Магдалена и Марија Јосиева гледаа каде Го полагаат.
Šiuo metu pasirinkta:
Марко 15: MK2006D
Paryškinti
Dalintis
Kopijuoti
Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006