Јован 1

1
Словото на животот
1 # 5,17-30; 17,5; 1 Мојс 1,1-5; Пс 106,20; Изреки 8,22; Фил 2,6; Кол 1,15; 1 Јн 1,1-2; Откр 19,13 Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога и Словото беше Бог. 2Тоа во почетокот беше во Бога. 3#1 Мојс 1,3; Ис 40,26; 48,3; Пс 32,6.9; 147,4-7; Изреки 8,27-30; Мудр 9,1; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 1,1-3; Откр 3,14Сѐ преку Него стана и без Него ништо не стана, од она што постана. 4#5,26; 11,25; 14,6Во Него беше животот и животот им беше светлина на луѓето. 5#3,19; 12,46; Мудр 13,1-9; Рим 1,19-23; 1 Кор 1,21Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. 6#Мт 3,1; Лк 1,13.17.76Имаше еден човек, ис­пратен од Бога, по име Јован; 7#1,15.19-35; 3,27-30; 5,33; 10,41тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат пре­ку него. 8#1,20Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината, 9#6,14; 8,12; 9,5; 1 Јн 2,8; Откр 21,23; 22,5 вистинската Светлина, Ко­ја го осветлува секој човек што доаѓа­ во светов. 10#3,16; 14,17; 1 Јн 2,16Беше во светот и светот преку Него постана, но светот не Го позна. 11Дојде при Своите, но тие не Го примија. 12#2,23; 3,18; 11,52; Рим 9,8; Гал 3,26; Јк 1,21; 1 Јн 3,1-2А на сите што Го примија – на сите што веруваат во Неговото име – им даде моќ да станат Божји чеда. 13#3,3.5-6; Јк 1,18; 1 Птр 1,23; Јн 3,9Тие не се родија од крв, ниту од телесна похота, ниту од похота машка, туку од Бога. 14#2 Мојс 34,6; 5 Мојс 4,7; Ис 60,1-2; Лк 9,32; Рим 1,3; Гал 4,4; Фил 2,7; 1 Тим 3,16; Евр 2,14И Словото стана тело и се всели ме­ѓу нас, полно со благодат и со вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот. 15#Зах 1,4; Мт 3,11; 16,24Јован сведочеше за Него и викаше со силен глас: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи беше пред мене!“ 16#Рим 5,21; Кол 1,19; 2,9-10; Ефес 4,13И од Неговата полнота сите примивме благодат врз благодат; 17#7,19.22-23; 8,5; 2 Мојс 31,18; 34,28; Мт 5,17; Рим 6,14зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината дојдоа преку Исус Христос. 18#3,11; 6,46; 2 Мојс 33,20; Мт 11,27; 1 Тим 6,16; Евр 11,27; 1 Јн 4,12Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.
Сведоштвото на Јован Крстител
(Мт 3,1-12; Мк 1,1-8; Лк 3,1-18)
19 # 1,6; Лк 10,32 И ова е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свеш­теници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“ 20#3,28; Дела 13,25И потврди и не одрече, туку објави: „Јас не сум Христос.“ 21#5 Мојс 18,15.18; Мал 3,1.23-24; Сир 48,10; Мт 11,14; 17,13И го прашаа: „Кој си тогаш? Илија ли си?“ И рече: „Не сум.“ „Про­рок ли си?“ И одговори: „Не.“ 22А тие му рекоа: „Па кој си, за да им дадеме одговор на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“ 23#Ис 40,3; Мт 3,3Тој рече: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: израмнете го Госпо­довиот пат, како што вели пророкот Исаија.“ 24А испратените беа од фарисеите; 25#Мт 21,25; Мк 1,4; 6,25и го запрашаа велејќи му: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“ 26Јован им одговори и рече: „Јас крш­тевам со вода, но меѓу вас стои Еден Кого вие не Го познавате. 27#1,15; Мт 3,11.13; Дела 13,25Тој е Оној што доаѓа по мене, Кој бе­ше пред мене, Кому јас не сум досто­ен да Му ги одврзам ремењата од обув­ките.“ 28#3,26; 10,40Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.
Јагнето Божјо
29 # 1 Мојс 22,13; 2 Мојс 12,3; 3 Мојс 14,13; Ис 53,6-7; Ер 11,19; Мк 14,12; Дела 8,32; 1 Кор 5,7; 1 Птр 1,18-19; 1 Јн 3,5; Откр 5,6.9.12-13 Утредента Јован Го виде Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое го зема гревот на светот врз Себе! 30#1,15.27Овој е Оној, за Кого реков: по мене доаѓа Човек, Кој е пред мене, бидејќи беше пред мене. 31#2,11; 1 Јн 1,2Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода за Тој да му биде об­јавен на Израил.“ 32#Ис 11,2; 61,1; Мк 1,10; Лк 4,1.14.18И Јован посведочи велејќи: „Го ви­дов Духот како слегува од небото како гу­лаб и остана над Него. 33#3,34; 14,16; 19,30; 20,22; 1 Цар 9,17; Ез 36,27; Јоил 2,28; Мк 1,11; Дела 1,5; 2,38Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштевам со вода, Тој ми рече: ’Врз Кого ќе видиш дека Духот слегува и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштева со Светиот Дух.‘ 34#Ис 42,1; Мк 1,1И јас видов и посведочив дека Тој е Синот Божји.“
Првите Исусови ученици
35 # 3,25; Лк 7,18 Утредента, Јован повторно стоеше со двајца од своите ученици. 36#1,29.42; Мт 19,26И здогледувајќи Го Исус како поминува, рече: „Еве Го Јагнето Божјо!“ 37Кога ги слушнаа од него тие зборови, обата ученика отидоа по Исус. 38#3,2А Исус, обѕрнувајќи се и гледајќи дека Го следат, им рече: „Што барате?“ Тие Му одговорија: „Рави – што значи: Учителе – каде живееш?“ 39#11,34Тој им рече: „Дојдете и видете!“ Тие отидоа и видоа каде живее и тој ден останаа кај Него. Беше околу десеттиот час#1,39 Околу 16 часот.. 40#6,8; 12,22; Мт 4,18А еден од двајцата, што беа слушнале од Јован и беа тргнале по Него, беше Ан­дреј, братот на Симон Петар. 41#4,25; 1 Цар 2,10; Пс 2,2; Дан 9,25; Мт 1,16; Лк 4,41Тој прво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата, што значи: Христос#1,41 Месија на еврејски и Христос на грчки значат Помазаник, т.е. посебен Божји пратеник..“ 42#Мт 16,17-18; Мк 3,16; 1 Кор 15,5И го одведе кај Исус. А Исус, кога го погледна, му рече: „Ти си Симон, си­нот на Јона; ти ќе бидеш наречен Кифа, што значи: Петар#1,42 На еврејски Кифа, односно Петар, на грчки значи камен..“
Повикот до Филип и Натанаил
43 # 12,21; 21,19.22; 3 Цар 19,19; Мт 9,9 Утредента Исус реши да отиде во Галилеја и го најде Филип, па му рече: „Врви по Мене!“ 44#Мт 10,3; 11,21А Филип беше од Витсаида, од градот на Андреј и Петар. 45#2,1.11; 5,39; 21,2; 5 Мојс 18,18; Ис 7,14; 9,6; Ер 23,5; Ез 34,23; Мт 21,11; Лк 4,21-22; 24,27Филип го најде Натанаил и му рече: „Го најдовме Оној за Кого пишуваа Мојсеј во Законот, и Пророците – Исус, синот Јосифов, од Назарет!“ 46#7,41А Натанаил му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ Филип му рече: „Дојди и види!“ 47Кога Исус го виде Натанаил како доаѓа кај Него, рече: „Еве вистински Израилец, во кого нема лукавство!“ 48Натанаил Му рече: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори и рече: „Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.“ 49#6,69; 11,27; 12,13; Соф 3,15; Пс 2,7; Мт 14,33; 27,42; Дела 13,33Му одговори Натанаил и рече: „Рави! Ти си Син Божји, Ти си Царот на Израил!“ 50#11,40А Исус, одговарајќи, му кажа: „Бидејќи ти реков дека те видов под смоквата, затоа ли веруваш? Ќе видиш повеќе од ова.“ 51#1 Мојс 28,12; Дан 7,9-10; Мт 3,16; 8,20; Дела 7,56И му рече: „Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото от­во­рено и Божјите ангели како се иска­чу­ваат и слегуваат над Синот Човечки.“

Šiuo metu pasirinkta:

Јован 1: MAK2023

Paryškinti

Dalintis

Kopijuoti

None

Norite, kad paryškinimai būtų įrašyti visuose jūsų įrenginiuose? Prisijunkite arba registruokitės

„YouVersion“ naudoja slapukus, kad suasmenintų jūsų patyrimą. Naršydami mūsų internetinėje svetainėje, sutinkate su slapukų naudojimu, kaip tai yra aprašyta mūsų Privatumo politikoje