За YouVersion
Релевантност
Во минатото, луѓето имале многу ограничен пристап до Библијата. Денес, не е повеќе така. Сепак, многу луѓе кои имаат пристап до Библијата сметаат дека нејзината порака не се однесува на нивните животи. Во исто време, други веруваат дека постои поврзаност меѓу Библијата и нивното секојдневно искуство.
Револуција во информациите
Во последната декада, Интернетот предизвика револуција која ги оспособи луѓето како никогаш порано. Со можноста да споделуваме, придонесуваме, создаваме, пренесуваме и комуницираме, лесно можеме да му покажеме на светот кои сме и што веруваме.
YouVersion
Од самиот почеток во 1996, целта на Life.Church е да ги води луѓето до целосна посветеност како следбеници на Христос. Во текот на оваа мисија размислувавме за тоа на каков начин можеме да им помогнеме на луѓето да се поврзат со Библијата во нивното секојдневие. Нашите методи беа подложни на промена низ годините, што беше причина за примена на разни технологии и стратегии на пристап, но длабоко во сржта, основата на нашиот фокус е да се трудиме постојано да бидеме пример и да ги поучуваме луѓето за причината зошто Божјиот Збор е важен за секого, без оглед на тоа во каква состојба се наоѓа во животот. YouVersion претставува ново поле за дејствување на Life.Church, преку кое целта не е само да изградиме алатка преку која ќе влијаеме на светот со имплементација на иновативни технологии, туку најважното пред сѐ е да ги доближиме луѓето во врска со Бог преку разјаснување на причините зошто Библијата е од важност во нивните животи.