1
Лука 6:38
Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (со девтероканонски книги)
давајте и ќе ви се даде: мерка добра, набиена, натресена и преполна ќе ви дадат во пазувите ваши; зашто со каква мерка мерите, со таква и ќе ви се мери.“
Спореди
Истражи Лука 6:38
2
Лука 6:45
Добриот човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро, а лошиот човек од лошата ризница на своето срце изнесува лошо, зашто неговата уста го зборува она со што му е исполнето срцето.“
Истражи Лука 6:45
3
Лука 6:35
Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто Тој е добар кон неблагодарните и кон лошите.
Истражи Лука 6:35
4
Лука 6:36
И така, бидете милосрдни како што е милосрден вашиот Отец.“
Истражи Лука 6:36
5
Лука 6:37
„Не судете и нема да бидете судени, и не осудувајте, за да не бидете осудени; проштевајте и ќе ви биде простено
Истражи Лука 6:37
6
Лука 6:27-28
Но вам, што слушате, вам ви велам: љубете ги непријателите свои; правете им добро на оние што ве мразат; благословувајте ги оние што ве колнат, молете се за оние што ве навредуваат!
Истражи Лука 6:27-28
7
Лука 6:31
Па, како што сакате да постапуваат луѓето со вас, така постапувајте и вие со нив!
Истражи Лука 6:31
8
Лука 6:29-30
На оној што ќе те удри по едниот образ, заврти му го и другиот; а на оној што сака да ти ја земе наметката, подај му ја и кошулата. Секому, кој ти бара, подај; од оној што зема од тебе нешто, не сакај да ти врати!
Истражи Лука 6:29-30
9
Лука 6:43
„Зашто, нема добро дрво што дава лош плод, ниту лошо дрво, што дава добар плод.
Истражи Лука 6:43
10
Лука 6:44
Секое, пак, дрво се познава според својот плод; бидејќи не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од капина.
Истражи Лука 6:44
Дома
Библија
Планови
Видеа