Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше горчлива; затоа и го нарекле тоа место Мара. Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“ Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му даде наредби и закони, и таму го подложи на проверка.