И заповедај им на синовите израелски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израелски.“