Некои од старешините на домовите, откако ќе дојдеа во домот Господов, во Ерусалим, со драго срце даруваа за домот Божји за да се обнови врз основите негови. Колку што им достигаше раката, тие дадоа во ризницата за работа шеесет и една илјада златни даријки, и пет илјади мини сребро и сто свештенички одежди.