И се зарече Јаков, велејќи: „Ако Бог биде со мене и ме зачува на овој пат, по кој одам, и ако ми даде леб да јадам и облека да се облекувам, и се вратам мирно во домот на таткото мој, и ми биде Господ мој Бог, тогаш овој камен што го поставив како споменик ќе биде дом Божји. И од сѐ, што ќе ми дадеш, Тебе ќе Ти давам една десетина.“