1
Битие 27:28-29
Свето Писмо (Гаврилова) 1990
Бог нека ти даде роса небеска и родна земја: многу пченица и вино во изобилие! Народи да ти слугуваат и кнезови да ти се клањаат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се клањаат синовите на таткото твој! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен – оној што тебе ќе те благословува!«
Спореди
Истражи Битие 27:28-29
2
Битие 27:36
Исав, пак, рече: »Сигурно затоа му е името Јаков, еве веќе двапати ме истисна. Првородството ми го зеде, а сега и благословот ми го зеде.« И му рече – Исав на татка си: »Не остави ли благослов и за мене?«
Истражи Битие 27:36
3
Битие 27:39-40
Тогаш Исак, таткото негов, одговарајќи му рече: »Ете, домот твој ќе биде од плодна земја и од роса небеска одозгора. Од мечот свој ќе живееш, и на брата ти ќе му служиш; но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш јаремот негов од вратот свој.«
Истражи Битие 27:39-40
4
Битие 27:38
Но Исав му рече на татка си: »Зар само еден благослов има кај тебе, татко? Благослови ме и мене, татко!« Бидејќи Исак молчеше, Исав извика на сиот глас и заплака.
Истражи Битие 27:38
Дома
Библија
Планови
Видеа