1
БИТИЕ 27:28-29
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Бог нека ти даде роса од небото и плодност на земјата: изобилство на жито и вино. Народите да ти служат, племињата да ти се поклонуваат! Да господариш над своите браќа, синовите на мајка ти нека се поклонуваат пред тебе! Проклет да биде кој те проколнува; благословен - кој те благословува!“
Спореди
Истражи БИТИЕ 27:28-29
2
БИТИЕ 27:36
„Веројатно затоа што името му е Јаков, веќе двапати ме измами - рече Исав. - Ми го одзеде првородството, а сега, еве, ми го одзеде и благословот.“ Тогаш прирече: „Зар не задржа за мене некаков благослов?“
Истражи БИТИЕ 27:36
3
БИТИЕ 27:39-40
Тогаш татко му Исак проговори и рече: „Твојот дом ќе биде далеку од плодната почва, Далеку од росата од небото. Ќе живееш од својот меч, ќе му служиш на брата си. Но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш неговиот јарем од својот врат.“
Истражи БИТИЕ 27:39-40
4
БИТИЕ 27:38
Исав му одговори на својот татко: „Зар ти, татко, располагаш само со еден благослов? Благослови ме и мене, татко мој!“ Исав плачеше гласно.
Истражи БИТИЕ 27:38
Дома
Библија
Планови
Видеа