1
ИСАИЈА 55:8
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
„Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,“ слово е Господово.
Спореди
Истражи ИСАИЈА 55:8
2
ИСАИЈА 55:9
„Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли.
Истражи ИСАИЈА 55:9
3
ИСАИЈА 55:6
Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу!
Истражи ИСАИЈА 55:6
4
ИСАИЈА 55:7
Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето.
Истражи ИСАИЈА 55:7
5
ИСАИЈА 55:1
„О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање!
Истражи ИСАИЈА 55:1
6
ИСАИЈА 55:10-11
Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив.
Истражи ИСАИЈА 55:10-11
7
ИСАИЈА 55:12
Да, ќе отидете со радост, и ќе бидете водени со мир. Горите и брдата ќе воскликнуваат од радост пред вас, и сите дрва во полето ќе плескаат.
Истражи ИСАИЈА 55:12
8
ИСАИЈА 55:3
Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Ме, и душата ќе ви живее. Ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милости, ветени на Давида.
Истражи ИСАИЈА 55:3
Дома
Библија
Планови
Видеа