Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,“ Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?“ Ако речеше тој: „Не сум,“ тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!“ (клас). Тој велеше: „Сиболет,“ зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.