1
МАТЕЈ 26:41
Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов
Бдејте и молете се, за да не паднете во искушение! Духот е бодар, но телото е слабо!“
Спореди
Истражи МАТЕЈ 26:41
2
МАТЕЈ 26:38
Тогаш им рече: „Мојата душа е длабоко натажена до смрт; останете тука и бдејте со Мене!“
Истражи МАТЕЈ 26:38
3
МАТЕЈ 26:39
И отиде малку потаму и падна на Своето лице и се помоли, велејќи: „Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша; но не како што сакам Јас, туку како Ти!“
Истражи МАТЕЈ 26:39
4
МАТЕЈ 26:28
зашто ова е Мојата крв на Заветот, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите.
Истражи МАТЕЈ 26:28
5
МАТЕЈ 26:26
А кога јадеа, Исус зеде леб, благослови, го раскрши и им го раздаде на учениците, и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“
Истражи МАТЕЈ 26:26
6
МАТЕЈ 26:27
Тогаш ја зеде чашата и заблагодари, им ја даде и рече: „Пијте сите од неа
Истражи МАТЕЈ 26:27
7
МАТЕЈ 26:40
И дојде при учениците, и ги најде како што спијат, и му рече на Петра: „Така! Не можевте ли да пробдеете со Мене еден час?
Истражи МАТЕЈ 26:40
8
МАТЕЈ 26:29
Но, ви велам, отсега нема да пијам од овој лозов плод до оној ден, кога ќе го пијам со вас нов во Царството на Мојот Татко.“
Истражи МАТЕЈ 26:29
9
МАТЕЈ 26:75
И веднаш запеа петел. Тогаш Петар се сети на Исусовите зборови што му ги рече: „Пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ И излезе надвор и плачеше горко.
Истражи МАТЕЈ 26:75
10
МАТЕЈ 26:46
Станете, да одиме! Ете, наближи Мојот предавник.“
Истражи МАТЕЈ 26:46
11
МАТЕЈ 26:52
Тогаш Исус му рече: „Врати го твојот нож на неговото место; зашто сите, кои се фаќаат за нож - од нож ќе загинат.
Истражи МАТЕЈ 26:52
Дома
Библија
Планови
Видеа