И се состанаа со старешините, и се советуваа, и им дадоа на војниците многу сребреници и им рекоа: „Кажете дека Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа, додека ние спиевме. И ако за ова чуе управителот, ние ќе го убедиме и ќе ве направиме да немате грижа.“ А тие ги зедоа сребрениците и постапија, како што ги подучија. И тоа слово се разгласи меѓу Јудејците до денес.