1
2 Коринтјаните 4:18
Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик
Затоа ние не се сосредоточуваме на она што сега се гледа, туку на придобивките што допрва ќе се видат. Зашто се што е сега видливо е привремено, а тоа што еден ден ќе го видиме е вечно.
Спореди
Истражи 2 Коринтјаните 4:18
2
2 Коринтјаните 4:16-17
Затоа ние не се обесхрабруваме. Иако нашите тела постепено пропаѓаат, духот во нас секојдневно се обновува. Овие мали и привремени тешкотии низ кои минуваме ќе ни донесат неизмерна слава што ќе трае вечно.
Истражи 2 Коринтјаните 4:16-17
3
2 Коринтјаните 4:8-9
Од сите страни сме притиснати, но не сме поразени. Понекогаш сме збунети, но не сме без надеж. Прогонувани сме, но Бог не не оставил. Не соборуваат наземи, но не сме уништени.
Истражи 2 Коринтјаните 4:8-9
4
2 Коринтјаните 4:7
Но ова скапоцено богатство го носиме во обични земјани садови, односно во нашите смртни тела. Така на сите им е јасно дека оваа величествена сила доаѓа од Бог, а не од нас.
Истражи 2 Коринтјаните 4:7
5
2 Коринтјаните 4:4
Но на таквите Сатаната, богот на овој зол свет, им го заслепил разумот и тие не можат да го видат прекрасниот сјај на Радосната вест што ни доаѓа од преславниот Христос, Кој, како слика, точно Го одразува самиот Бог.
Истражи 2 Коринтјаните 4:4
6
2 Коринтјаните 4:6
Зашто Бог, Кој рече: „Нека се појави светло во темнината!“, Тој ги просветли и нашите срца, за да согледаме дека Неговата слава се одразува во ликот на Исус Христос.
Истражи 2 Коринтјаните 4:6
Дома
Библија
Планови
Видеа